Турскиот заменик министер Јилдиз: Книгата „Докази“ на Анадолу ја покажува хуманитарната трагедија во Газа

February 27, 2024
1 min read

ХАГ (АА) – Заменик-министерот за надворешни работи на Туркије, Ахмет Јилдиз, го истакна значењето на книгата „Докази“, објавена од Анадолу, која ја документираше хуманитарната трагедија во Газа преку фотографии, јавува Анадолу.

Јилдиз ја застапуваше Туркије вчера пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), каде што на Израел му се суди за геноцид.

„Благодарен сум на невладините организации и меѓународните институции што ги повикаа политичките лидери кои за жал ги затворија очите пред оваа хуманитарна трагедија“, рече тој.

Книгата која се состои од фотографии направени од новинарите на Анадолу за израелските злосторства се користи како доказ пред Меѓународниот суд.

Јавните сослушувања започнаа минатата недела во Хаг по барањето на Генералното собрание на ОН за советодавно мислење за правните последици што произлегуваат од политиките и практиките на Израел на окупираната палестинска територија, вклучувајќи го и Источен Ерусалим (Источен Кудс).

Јужноафриканската Република поднесе тужба за геноцид против Израел до МСП кон крајот на декември и побара од него итни мерки за да се стави крај на крвопролевањето во Газа, каде што од 7 октомври загинаа над 29.000 Палестинци.

Судот во јануари му нареди на Израел да ги преземе „сите мерки во негова моќ“ за да ги спречи актите на геноцид во Газа, но не нареди прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катар: Нема напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа

Следно

Шолц: Европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop