Шолц: Европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина

February 27, 2024
1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина.

„Се разговараше за тоа дека тоа што е договорено меѓу сојузниците од почетокот, да важи и за иднината, а тоа е дека на територијата на Украина нема да има војници на европските земји или членки на НАТО“, изјави Шолц по самитот на европските лидери што се одржа во Париз.

Тој посочи дека европските земји се подготвени да набават оружје од трети земји, надвор од Европа, со цел да се забрза испораката на воена помош за Украина.

Испраќањето копнени трупи во Украина го отфрли и германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

„Тоа не е опција за Сојузна Република Германија“, рече Писториус на прес-конференција.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Велика Британија не планира да распореди борбени трупи во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во понеделникот, по самитот на европските лидери во Париз, дека иако нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, „ништо не може да се исклучи“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот заменик министер Јилдиз: Книгата „Докази“ на Анадолу ја покажува хуманитарната трагедија во Газа

Следно

Расте бројот на новозаразени со голема кашлица

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop