Турски МИТ неутрализира висока терористка на ЈПГ/ЈПЏ во Северна Сирија

February 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турското разузнавање (МИТ) неутрализира водач на терористичката организација ЈПГ/ЈПЏ во Северна Сирија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.

Емине Сеид Ахмед, која ѝ се приклучила на терористичката организација во 2011 година, идентификувана како организатор на акции против турските безбедносни сили, беше цел на прецизна операција спроведена во градот Камишли.

Ахмед, за која се истакнува дека е одговорна за набавка и користење ракети за терористичката организација, дала наредба за ракетни напади врз Турските безбедносни сили во зоната на операцијата „Маслинова гранка“ од Тел Рифат.

Утврдено е дека терористката издавала наредби и за ракетни напади кон цивили во јужната турска област Килис.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и бебиња, деца и жени. ЈПГ/ЈПЏ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период

Следно

Граѓаните од утре ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список

Latest from Blog

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20
Go toTop