Граѓаните од утре ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список

February 27, 2024
1 min read

Како што беше речено на денешната седница на ДИК, увидот во Избирачкиот список ќе трае до 18 март, а освен во подрачните одделенија и канцеларии, може да се направи и преку веб страницата https://izbirackispisok.gov.mk/. Во подрачни одделенија ќе може да се поднесуваат и писмени барања за запишување, дополнување или бришење на податоците на граѓаните во Избирачкиот список.

Согласно Роковникот и Изборниот законик, Избирачкиот список што ќе оди на избори се заклучува и потпишува најдоцна 15 дена пред изборите.

-Во инетерес на транспрентноста на изборниот процес, апелираме граѓаните да го искористат правото и да ги проверат своите подоатоци. Согласно Роковникот и Изборниот законик, податоците за Избирачкиот список се ставени на увид со состојба од денот на распишување на изборите, 14 февруари, а по јавниот увид, ако има основани барања за одредени промени, ДИК соодветно ќе постапи, истакна членот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој потсети дека адресите на подрачните одделенија и канцеларии се наведени на веб страницата на ДИК, како и дека скоро сите се сместени во седиштата на локалните самоуправи на општините.

-Тоа се истите подрачни одделенија и канцеларии каде во моментов тече постапката за собирање потписи. Покрај непосреден, јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, граѓаните може да направат увид и на нашата веб страница https://izbirackispisok.gov.mk/, додека непосредно во подрачните одделенија може да поднесат писмени барања за запишување, дополнување или бришење на нивните податоци во Избирачкиот список – ако некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или ако е запишан, а нема избирачко право или нема живеалиште на подрачјето на општината, ако некое лице е починато во меѓу време, ако е сменета адресата или личното име, односно ако се неправилно запишани, објасни Кондарко.

За текот на увидот и бројот на граѓани кои ќе извршат увид, ДИК, напомена Кондарко, ќе информира на дневна основа и постојано ќе апелира граѓаните да го искористат ова свео право во интерес на изборниот процес.

Покрај Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за претедателките и парламентарните избори, ДИК на денешната седница го усвои и Упатството за спроведување јавен увид во Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски МИТ неутрализира висока терористка на ЈПГ/ЈПЏ во Северна Сирија

Следно

ФРАНЦУСКИ ФИЛМОВИ, КОНЦЕРТИ, ХРАНА ЌЕ ИМА ЦЕЛ МАРТ ВО СКОПЈЕ НА ПРАЗНИКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop