САД уништија позиции на Хусите во Црвеното Море во „самоодбрана“

February 27, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) уништија позиции на Хусите во Јемен, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), пренесува Анадолу.

„На 26 февруари, помеѓу 16:45 и 23:45 часот (според локално време во Сана), силите на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) во самоодбрана уништија три површински брода без екипаж, две мобилни противбродски крстосувачки ракети и еднонасочно јуришно беспилотно летало.“

„Бродовите без екипаж и противбродските крстосувачки ракети беа подготвени за лансирање, а беспилотното летало беше над Црвеното Море“, соопшти ЦЕНТКОМ на платформата Х.

ЦЕНТКОМ додаде дека утврдил дека тие претставувале „непосредна закана“ за бродовите на американската морнарица и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на навигацијата и меѓународните води да бидат посигурни и побезбедни за американската морнарица и трговските бродови“, се додава.

Јеменската група на Хусите извршува напади на товарните бродови што пловат низ Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или кои транспортираат стоки до и од Израел во знак на солидарност со Појасот Газа, кој е под израелски напад од 7 октомври.

Црвеното Море е еден од најчесто користените поморски патишта во светот за испорака на нафта и гориво.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин неодамна најави создавање на мултинационална мисија, операција „Просперитет Гардијан“, за да се спротивстават на нападите на Хусите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне облачно

Следно

Бајден: Блиску сме до договор за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop