Ѓорѓиевски: Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео

February 26, 2024
1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода на фејсбук сподели дека го трогнала објавата на Благојче од Кочани, кој го продаваше својот инвалиден скутер за да му помогне на Лео Индов, по што решил да му помогне скутерот да остане кај него, а 30.000 денари веќе се уплатени на сметката на Лео.

Ѓорѓиевски упати апел до неговите колеги да се вклучат во донациите за Лео:

Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео!

На почеток, морам да кажам дека Благојчо е еден од многуте херои кои ги има Македонија, човек со големо срце на кој му се поклонувам.

Вчера ја видов неговата објава каде што го продава својот инвалиден скутер кој му е неопходен, само за малиот Лео Индов да стане на нозе.

Го продава, бидејќи државата е глува и се лечиме со смс пораки. Народот е оставен сам на себе. Но, секогаш се сплотуваме и испишавме многу успешни приказни досега.
Објавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце само Лео да оздрави.

Не Бажо, нема да се туркаш на раце.
Скутерот ќе остане за тебе а ќе го станеме и Лео на нозе.

Сплотени!
Ги повикувам сите мои колеги, сите добронамерници да донираат за Лео, онолку колку што можат.
Немаме време за чекање. Лео мора да оздрави!

Бог да е со нас!

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Конфликтот во Газа пред Советот на ОН за човекови права

Следно

Македонските кошаркари ја совладаа Полска во евроквалификациите

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop