Туркије пред МСП повика на итен прекин на огнот и непречен проток на помош за Газа

February 26, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Ситуацијата во Појасот Газа и на Западниот Брег е итна и исклучително опасна, изјави денес делегацијата на Туркије пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), повикувајќи на итен прекин на огнот и непречен проток на хуманитарна помош, јавува Анадолу.

Заменик-министерот за надворешни работи Ахмет Јилдиз ги презентираше усните изјави на Туркије во советодавната постапка за правните последици од политиката и практиките на Израел на окупираните палестински територии, вклучително и Источен Ерусалим (Источен Кудс), повикувајќи на итен прекин на огнот во Газа и непречен проток на помош за Палестинците, при што се наближува светиот месец Рамазан.

„Алармантно е да се видат извештаи во врска со плановите на израелската Влада да ги ограничи молитвите на муслиманите во Харам ал Шариф за време на Рамазан“, рече тој за време на јавните сослушувања во Хаг, додавајќи дека „провокативната реторика“ на одредени израелски министри, исто така, е „загрижувачка“.

Изразувајќи го ставот на Анкара во врска со ситуацијата во окупираните палестински територии, вклучително и Источен Ерусалим, Јилдиз рече дека Туркије е „длабоко загрижена“ за едностраните политики и практики на Израел што „го нарушуваат статус кво во Харам ал Шариф“.

Тој, исто така, истакна дека ситуацијата што се развива од 7 октомври „уште еднаш докажува“ дека не може да има мир во регионот без да се реши основната причина за конфликтот во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Израел започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври. Во израелското бомбардирање што следуваше загинаа над 29.000 луѓе, а над 70.000 се повредени со масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Според Обединетите нации, израелската војна против Газа принуди 85 отсто од населението на територијата внатрешно да се расели поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гутереш: Советот за безбедност на ОН не одговори на војните во Украина и во Појасот Газа

Следно

Новата палестинска Влада можно е да биде формирана до крајот на неделата, нов премиер веројатно ќе биде Мохамед Мустафа

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop