Прв пресек: Познато е колку потписи досега имаат собрано кандидатите за претседатели

February 24, 2024
1 min read

Државната изборна комисија соопшти денеска дека од утре, 25 февруари 2024 година, на својата веб страница, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.

-Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира. Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за Претседател на државата собираат потписи за кандидати.

Според ДИК, вчера на првиот ден од отпочнувањето со собирање потписи, најмногу потписи собрал кандидатот на ДУИ, Бујар Османи – 3261 потпис, следат Максим Димитриевски од ЗНАМ-за наша Македонија со 1594 и кандидатката поддршна од Левица, Билјана Ванковска Цветковска со 1105 потписи.

Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

1. Вело Марковски 98

2. Билјана Ванковска Цветковска 1105

3. Томе Николоски 0

4. Бујар Османи 3261

5. Господин Поповски 0

6. Максим Димитриевски 1594

7. Стевчо Јакимовски 658

8. Ѓорѓи Манасков 21

9. Арбен Таравари 1

10. Мерсиха Смаиловиќ 0

11. Зорица Цветковска 0.

Постапката за собирање потписи, која почна вчера ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Познато е кога Микаела Шифрин ќе се врати на скијањето

Следно

Хамилтон ќе се обиде да научи италијански пред да се приклучи на Ферари

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop