САД во мај ќе прогласат крај на пандемијата на Ковид-19

January 31, 2023
1 min read

Со укинувањето на вонредната здравствена криза, лековите и вакцините повеќе нема да бидат бесплатни

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе прогласи крај на здравствената криза предизвикана од Ковид-19 на 11 мај, три години откако САД воведоа строги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на болеста.

Вонредната состојба и јавната здравствена криза во земјата поради пандемијата на коронавирус беше прогласена во 2020 година од администрацијата на претседателот Доналд Трамп во тоа време, но Бајден ја продолжуваше, што им овозможи на милиони Американци да добијат бесплатно тестирање, вакцини и лекови против Ковид-19.

Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа соопшти дека вонредната состојба ќе биде продолжена до 11 мај, а потоа ќе заврши.

Со укинувањето на вонредната здравствена криза, лековите и вакцините повеќе нема да бидат бесплатни. Продолжувањето ќе биде до 11 мај за да можат болниците и здравствените работници да се подготват за низата промени што ќе следат. Откако ќе истече вонредната состојба, луѓето со приватно осигурување ќе имаат одредени трошоци за вакцини, тестови и лекување, додека неосигурените ќе треба да ги платат тие трошоци во целост.

Бројот на заразени во САД опаѓа, иако, според податоците, околу 500 луѓе умираат од Ковид-19 секој ден.

Според Центрите за контрола и превенција на болести повеќе од 1,1 милион луѓе во САД починале од Ковид-19 од 2020 година.

Од почетокот на 2020 година до средината на 2022 година, Ковид-19 беше третата водечка причина за смрт во САД, но сега веќе не е ниту во првите пет „убијци“, соопштија властите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Графити со антисемитска содржина се бришеа во скопски Карпош

Следно

Морето исфрли угинат кит на брегот кај Њујорк

Latest from Blog

Платите во Европа се разликуваат драстично: Ова се земјите со највисоки и најниски примања

Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во

Димитриеска-Кочоска: Владата останува фокусирана на инфлацијата и економската сигурност

Владата ги продолжува мерките за ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена денеска на вонредна владина седница, соопшти министерката за

Виноскоп повторно го освои Скопје: Петочната вечер донесе музика, емоции и магична атмосфера

Јубилејното 15-то издание на Виноскоп донесе една од највпечатливите фестивалски слики досега – Градски парк исполнет со публика, наздравувања, насмевки и музика што ја претвори вечерта во вистинско заедничко доживување. Настапите на
Go toTop