Во последната недела пријавени 28 нови случаи на голема кашлица, четири деца се хоспитализирани

February 24, 2024
1 min read

Во последните седум дена, односно од 16 до 22 февруари, во земјава се пријавени 28 нови случаи на голема кашлица, што е зголемување за 71,8 отсто во однос на претходната недела, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај. Четири од новозаразените лица се хоспитализирани. Се работи за три деца на возраст од под една година и едно од возрасната група од една до четири години.

ајголем број од новите случаи на голема кашлица, според извештајот на ИЈЗ, се во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Куманово и во Струга. Заболените лица се на возраст од еден месец до 47 години, а најголем број на случаи се деца на возраст до четири години и од 10 до 14 години.

 

Од почетокот на годината пријавени се вкупно 67 случаи на голема кашлица, а од нив 61 не биле вакцинирани, не биле комплетно вакцинирани според возраста или од последната доза. Кај комплетно вакцинираните, пак, во просек поминале повеќе од 11 години од последната примена доза или немале доказ за вакцинација.

Дваесет и пет од вкупниот број на заболени се хоспитализирани, а од нив 20 се деца до четири години.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН и Западот 140 дена само ги набљудуваат израелските злосторства во Газа

Следно

„Подалеку политиката од полицијата“: Делчев го предупреди Џафери

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop