За Леонид Индов: ДНК ја ставија на лицитација статуетката од „Златна Бубамара, до сега добија понуда од 80.000 денари!

February 24, 2024
1 min read

Пред два дена се одржа 27-то изданиe на „Златна Бубамара, а помеѓу наградените беше и познатиот музички бренд „ДНК за нивната соработка со Раде Врчаковски – Врчак.

Тие ја добија наградата за „Песна на годината, односно за нивната нумера „Посреќна, која навистина е еден од најголемите хитови последниве неколку месеци.

На сцената покрај Панчо и Андреј, за првпат по неколкугодишна медиумска апстиненција се појави и Врчак, кој предизвика овации од публиката во спорскиот центар „Борис Трајковски.
Но, она што го направија „ДНК по завршувањето на оваа манифестација, е за почит и огромен аплауз.

Имено, тие решија нивната награда, односно статуетка да ја стават на лицитација за хумани цели. Собраните средства од истата, момците од ДНК и Врчак ќе ги наменат за лекување на Леонид Индов – Лео.

Ви ја пренесуваме во целост објавата на ДНК:

„Би ве замолиле да го споделите постот се со цел да стигне до што поголем аудиториум.

Почитувани,

Како и минатата година, така и оваа добиена награда на Златна Бубамара, решивме да ја ставиме на лицитација за хумани цели. Овој пат средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лекувањето на ЛЕОНИД ИНДОВ – ЛЕО кој заедно со неговата фамилија ја водат најтешката битка во животот. За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности.

Почетната цена на статуетката е 6.000 денари но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. (сумата напишете ја во коментар). Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело.

Сопственик на бубамарата ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум ДВАЕСЕТ и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената Борис Трајковски.

Лицитацијата ќе се затвори во понеделник во 22ч и тогаш ќе биде соопштен новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек.
Ваши, Панчо и Андреј.

ПС: Уште еднаш сакаме јавно да му се заблагодариме на Ранко Петровиќ за наградата и можноста да настапиме на Златна Бубамара.

Наградите ни се секогаш драги и добредојдени, и воедно не мотивираат и обврзуваат да работиме подобро и посовесно. – стои во објавата на официјалниот профил на ДНК.

Инаку, моментално за статуетката се понудени 80.000 денари, но со оглед на тоа дека лицитацијата трае до понеделник, сигурни сме дека ќе има и повисоки понуди.

Истото момците го направија и минатата година. И тогаш нивната статуетка ја ставија на лицитација и собраните средства ги донираа во хуманитарни цели.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мерцедес му се враќа на бензинот

Следно

Зеленски вети победа на двегодишнината од руската инвазија

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop