(ВИДЕО) Маж со нож напаѓал луѓе на метро станица во Брисел, едно лице е потешко повредено

January 30, 2023
1 min read

Полицијата го уапсила напаѓачот. Очевидци велат дека тој најпрвин со нож нападнал неколку луѓе во метрото, а потоа почнал да напаѓа околу станицата, при што ранил еден млад човек, а неколку луѓе биле полесно повредени

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во напад со нож денеска во Брисел на метро станица во близина на европските институции, соопшти белгиската полиција.

Нападот бил извршен на метро станицата „Шуман“, а соработката на неколку полициски служби овозможила брзо апсење на напаѓачот, објави на Твитер градоначалникот Филип Клосе.

Полицијата го уапсила напаѓачот. Очевидци велат дека тој најпрвин со нож нападнал неколку луѓе во метрото, а потоа почнал да напаѓа околу станицата, при што ранил еден млад човек, а неколку луѓе биле полесно повредени.

Засега остануваат непознати мотивите на напаѓачот, јавија белгиските медиуми.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Се преврте автобус полн со млади фудбалери, има загинати (ФОТО)

Следно

Макрон не исклучува можност за испраќање борбени авиони за Украина

Latest from Blog

Ќе се обележат околу 150 „црни“ точки на скопските улици, најави Ѓорѓиевски

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше прашан во врска со

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен
Go toTop