ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се во „домашен притвор“ поради неспособност и неодговореност на СДСМ и ДУИ

February 18, 2024
1 min read

СДС и ДУИ поради нивната неспособност и неодговорност ги затворија граѓаните во „државен притвор“. Им наметнаа на граѓаните обврска за промена на личните и патните исправи со рок и не направија никаков план како тоа да го спроведат. Напротив постојат основани сомненија дека за да направат сопки на техничкиот министер од опозицијата свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ.

За ова малтретирање на народот мора да има одговорност.

Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо.

СДС и ДУИ нека престанат да се инаетат и да работат спротивно на интересите на својот народ. Еднаш барем нека бидат разумни. Доволно штета направија. Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Затоа е важно да ги поразиме.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дневен хороскоп за недела, 18-ти февруари 2024-та

Следно

Албанија ги врати игрите на среќа на барање на ЕУ

Latest from Blog

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се
Go toTop