Германија и Франција заедно за организација на СП 2029 и 2031

February 18, 2024
1 min read

Германија и Франција ќе имаат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2029 година и во 2031 година.

Двете федерации објавија дека посакуваат да бидат организатори на уште еден голем настан, но ќе имаат силна конкуренција.

За организација на двата Мундијала, свои апликации имаат поднесено Исланд, Данска и Норвешка, како и Саудиска Арабија, односно Унгарија.

Со оглед на тоа што Германија веќе ја има организацијата на СП 2027, тешко е за верување дека ќе ја добие и за СП 2029, а јасно е дека ИХФ планира еден од овие два големи настани да се одржи во Саудиска Арабија.

Извршниот Комитет на ИХФ одлуката за доделување на домаќинствата на големите настани ќе ја донесе на 16 април.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не ги бива да направат гасификација, ама ги бива со странци да договараат гасни централи

Следно

Дневен хороскоп за недела, 18-ти февруари 2024-та

Latest from Blog

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop