Не ги бива да направат гасификација, ама ги бива со странци да договараат гасни централи

February 18, 2024
2 mins read

„Итна гасификација“, „Гас до секој дом“, „Гасот ќе го намали загадувањето“, „Клучен проект“… сето ова беа ветувања кои скопјани, но и други македонски граѓани ги слушаат со години. Се даваа од властите во 2017 година, дури се кажуваа и конкретни рокови кога по домаќинствата гасот ќе ги замени дрвата, но и мазутот во државните институции. Се најавуваше дека се ќе биде завршено до 2021-ва година.

Но, еве не во 2024 година ама од гасот и греењето на него нема ниту трага. Гасификацијата во голем обем ја нема ниту по населбите, ниту за стопанството.

Да, се прават одредени делници, се поставуваат гасоводни цевки за да се поврзат големите градски центри и потрошувачи, но сето тоа не е доведено до крај. Не се прави ништо ниту по градовите, не се проектира и не се поставува ниту мрежа – не е ниту определено кој да ја прави. Сега, пак, според најавите треба да се чека и на изградбата на гасоводот за поврзување со грчкиот терминал. Тоа ќе значи уште неколку години чекање.

 Со години се чека…

Граѓаните како да ја губат надежта дека гасификацијата на Скопје и на други градови во земјава ќе биде направена.

– Не мислам дека има некој кој ќе ја спроведе гасификацијата во брзо време. Таа е добар проект кој што треба да е приоритет. И под услов цената за греење или готвење да не е толку конкурентна, треба да се спроведе заради еколошки причини, смета Милош Лазовиќ.

Со години се чека на завршувањето на делницата Скопје-Тетово-Гостивар долга 76 километри и кракот Тетово од 10 километри. Во план е и продолжување на гасоводот кон Кичево и Охрид, за да на крајот се направи поврзување и со Битола. Еден крак од гасоводот е наменет и за поврзување со Велес. А клучно за овие гасоводни цевки ќе биде добивањето на гас од планираниот гасовод кој допрва треба да се гради за да се поврзиме со гасоводот од Грција, а кој ќе биде долг околу 67 километри од Неготино до границата. Околу Скопје, пак, уште во 2019 година е завршен гасоводниот прстен, но оттогаш се запрени речиси сите постапки за изградба на гасоводната мрежа по населбите, домовите и до производствени капацитети. Владата пред неколку години најавуваше дека планира да склучи договор со приватни компании коишто би ја правеле и стопанисувале со гасоводната мрежа по општините. Пред 3 години две турски фирми влегоа во најтесен избор, но конечната одлука не се донесе туку Владата донесе одлука за одложување на изборот на фирма. Значи, ново чекање што може да значи и целосно задоцнување…

На друго се фокусирани

Многумина енергетски експерти укажуваа дека на граѓаните ќе треба да им се понуди прифатлива цена за воведување на приклучоци за гас по нивни домови, за да има нивно што пошироко приклучување. Пред 3 години се даваа прогнози дека приклучокот ќе чини околу 100 евра по домаќинство, дека од компаниите кои ќе ја градат гасната мрежа по населбите ќе се бара да обезбеди и соодветни и евтини кредити за домаќинствата за да си ја заменат внатрешната инсталација. Се правеа и планови со кои че бидат првите општини… Поранешниот премиер Зоран Заев ветуваше дека во 2021 година ќе почне изградба на гасоводна мрежа во 10 општини, но тоа не се случи. Сето тоа сега е на чекање.

-Не верувам дека проектот за гасификација во Македонија ќе се спроведе во догледно време, вели Лео Наневски.

Од друга страна, власта решително прави договори со странци за да им даде можност во Македонија да прават гасни централи. Зошто за правење на гоговори ги бива, а за градење не ги бива? И нели треба прво да се брза со гасификацијата, а потоа за другото да се мисли?

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Дел од центарот на Скопје денеска без вода

Следно

Германија и Франција заедно за организација на СП 2029 и 2031

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop