Кривичниот суд и официјално поднесе барање за записниците за случајот „Алфа“

February 17, 2024
1 min read

Кривичниот суд и официјално поднесе барање за записниците за случајот „Алфа“, ексклузивно дознава Алсат. Барањето од првостепениот суд до Врховниот суд е упатено на 13 февруари. Се уште не е познато кога истите ќе бидат испратени до Кривичниот суд за потоа да се исполнат законските услови да се стави во функција барањето за повторно судење врз основа на нови докази.

Тоа е така од причина што одлуката на Врховниот суд донесена на 14 февруари, врз основа на која жалбата на Алмир Дрпљанин беше отфрлена како неоснована, се уште не е напишана.

Осудените во случајот „Алфа“, го чекаат почетокот на повторното судење на случајот врз основа на новото супер вештачење добиено пред речиси три години. Претходно, Бирото за судски вештачења се изјасни дека не е можно да се изврши вакво антрополошко вештачење, но дека е потребно мислење од оваа институција и пред почетокот на повторното судење. Исто така, Јавното обвинителство мора да го определи обвинителот кој ќе го застапува обвинителниот акт во повтореното судење, но од одбраната изјавија дека не се согласуваат со претходниот обвинител, бидејќи според нив, тој бил непрофесионален и пристрасен во првиот процес.

Во случај Кривичниот суд да го одбие барањето за повторно судење, одбраната на Алмир Дрпланин и Агим Ислами не ја исклучуваат можноста да го испратат предметот до Судот во Стразбур./Alsat.mk

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Златни совети: Не правете ги овие грешки, чувајте си ја насмевката

Следно

Претежно сончево, облачно само во северните и источните делови од земјава

Latest from Blog

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај
Go toTop