Пет оформени предмети во Уставниот суд за личните карти, возачките дозволи и пасошите

February 15, 2024
2 mins read

По невидениот хаос и малтретирања кои ги претрпија македонските граѓани за вадење нови лични документи со ,,Северна” – денес претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска информира за пет иницијативи поднесени до Уставниот суд, а исто толку и оформерни предмети.

– Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд за лични карти, возачки дозволи и пасоши и толку предмети се веќе оформени. Иницијативите се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење зашто некои се уште се со важност, како и на слободата на движење која е ограничена, рече денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Според Кацарска, граѓаните треба да знаат дека слободата на движењето не е надлежност на Уставниот суд. Ако беше, како што напомена, воведена уставната тужба, тогаш тие ќе можеа да се обратат до Уставниот суд за секое барање, секоја слобода и право што им е загарантирано со Уставот.

-Точно е дека во Судот се пристигнати, чинам, пет предмети. Оформени се пет предмети. Сите се доставени до тимови, судија известител и советник на Судот. Во однос на временскиот период кога ќе бидат тие предмети ставени на седница, не би можела да ви одговорам зашто тоа зависи исклучиво од тимот што работи, а јас никогаш не се мешам во работата на судијата и на советниците. Се работи за она што е актуелно во нашата држава – за личните карти, за возачките дозволи и за пасошите. Конкретно не можам да кажам што е оспорено, но секако дека е оној период на издавање на личните документи, нивното времетраење, зашто има некои документи кои се се уште со важност, и слободата на движење која е ограничена на овој начин. Но, тука граѓаните би морале да знаат дека слободата на движењето не е надлежност на Уставниот суд, истакна Кацарска, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на поштенска марка по повод 60 години Уставен суд на Република Македонија.

Мора да се разграничи, додаде, дека согласно членот 110 алинеа 3 од Уставот, што е надлежност на Уставниот суд.

-Токму тука би нагласила дека сега политичарите, се надевам, ќе разберат зошто 2,5 години бев силен поддржувач на воведувањето на уставната тужба. Ако ние го имавме овој институт, уставна тужба, тогаш граѓаните ќе можеа да се обратат до Уставниот суд за секое нивно барање, за секоја слобода и право што им е загарантирано со Уставот. Се надевам дека сега ќе разберат без да ме критикуваат зошто барав измена на Уставот, односно проширување на неговата надлежност, потенцира Кацарска.

Таа напомена дека во однос на ситуацијата со личните документи, лично и како правник и судија не може да го каже своето мислење зашто е претседател на Уставниот суд.

-Со оглед дека сум претседател на Уставниот суд мојот личен став како правник не би смеела да го кажам. Повторно ќе речам, и за дискриминација Судот одлучува, но, во Уставот е наведено за кој вид дискриминација можеме ние да работиме – по однос на пол, раса, вера, политичка припадност… Моето лично мислење, како човек и како правник, морам да го задржам за себе, потенцира Кацараска.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Координативно тело: Граѓаните ќе можат да реагираат за неетичко однесување во онлајн просторот за време на изборите

Следно

ПОЛИТИКАТА ЌЕ ДОМИНИРА НА 74. БЕРЛИНАЛЕ

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop