Координативно тело: Граѓаните ќе можат да реагираат за неетичко однесување во онлајн просторот за време на изборите

February 15, 2024
1 min read

Сите граѓани и правни лица во предизборниот период и за време на изборите до Координативното тело за следење на почитувањето на начелата и стандардите од  Кодексот можат да поднесат претставки кои се однесуваат на ширење дезинформации (неточни, нецелосни, лажни или злонамерни информации), говор на омраза, и дискриминација по која било основа, непочитување на правилата и стандардите за заштита на личните податоци, како и за други форми на неетичко однесување на интернет на електронската адреса [email protected].

Ова тело е составено од претставници на: Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите во Македонија, Институт за комуникациски студии, Фондација „Метаморфозис“ и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За координатор на телото е избран Саше Димовски од Здружението на новинари на Македонија, а за заменичка – координаторка Оливера Војновска од Фондацијата Метаморфозис.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинските сили извршија ракетен напад врз Белгород, најмалку двајца загинати

Следно

Пет оформени предмети во Уставниот суд за личните карти, возачките дозволи и пасошите

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop