ВМРО-ДПМНЕ: На заминување сакаат да украдат 9 милијарди денари

February 15, 2024
1 min read

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение ја обвини власта дека преку два тендери во РЕК Битола спрема голем криминал тежок девет милијарди евра.

– Власта во заминување спрема огромен криминал тежок 9 милијарди денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и ДУИ преку два тендери во РЕК Битола сакаат да испумпаат 9 милијарди денари народни пари преку фирми блиски до нив.

Непосредно пред избори власта во заминување распишува два од можеби најголемите тендери некогаш спроведени во Македонија. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милијарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола.

Однапред се знае кој ќе ги добие овие два тендери со вкупна вредност од 9 милијарди денар, а тоа се блиски фирми до власта, од која една во сопственост на конзул на држава која е под санкции на ЕУ.

Власта во заминување е европска само на зборови, а во реалноста дава стотици милиони на фирми поврзани со лица во врска со земји под санкции на ЕУ.

Власта во заминување на СДС и ДУИ го ограбува народот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите раководни лица во ЕСМ и РЕК Битола да внимаваат што потпишуваат, зошто секој еден детал од оваа криминална набавка ќе биде проверен од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДС и ДУИ со право народот вели дека немаме држава, затоа важно е да ги поразиме, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дефект на водоводни цевки на неколку скопски улици, се работи на нивна санација

Следно

Карачиќ и Екберг донесоа голема драма, Кил се избори за реми кај Киелце

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop