Муслиу за ТВ 24: Алијанса беше единствена што можеше да им парира на ДУИ, но поддршката се брои по изборите

February 14, 2024
1 min read

 На изборите се почнува од нула. Што се однесува до анкетите тие се резултат на нашето емотивно реагирање. Но, да се соберат гласови не е лесна работа. Секако дека поинтересно ќе биде да се следат случувањата во албанскиот блок, но интересно е и колкава ќе биде разликата помеѓу опозицијата и власта, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

– Кај граѓаните тензиите подолго остануваат отколку кај политичартите. Јас би ги повикал граѓаните да излезат на гласање, оти со негласање му помагаат некому кому можеби не сакаат, вели Муслиу.

Тој вели дека одамна немаме политички говори од политичари кои ќе ги мотивираат граѓаните туку имаме негативни наративи.

– Левица и Знам може да го расипат или да го поправат пазарот. На денот на избори секој може да победи, а во општество каде реакциите се менуваат на неколку дена не може во бројки да се процени иако очигледно е дека анкетите покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ. Но, не сум сигурен дека тоа водство е двојно или тројно, вели Муслиу.

Тој потврдува дека е очигледно незадоволство кај граѓаните и повикува сите да учествуваат трезвено на изборите, оти и со гласање и со негласање се влијае на исходот од изборите.

– Алијанска беше сериозна партија со сериозна структура и 8 пратеника и во суштина единствен сериозен опонент на ДУИ. Со она што ѝ се случи приматот што го имаа се распрснува, а зависноста на партијата од другите два блока се зголемува, – вели Муслиу кој додава дека станува збор за гласачи кои отсекогаш биле анти-естаблишмент.

Муслиу се согласува со Божиновски дека вкупно албански пратеници би имало до 30. 

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаши: „Европскиот сојуз за промени“ го утврди својот претседателски кандидат

Следно

Монтипајтоновци се испокараа на стари години

Latest from Blog

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите
Go toTop