Гаши: „Европскиот сојуз за промени“ го утврди својот претседателски кандидат

February 14, 2024
1 min read

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, чија партија е дел од тројката опозциски партии на Албанците, денеска на својот профил на Фејсбук објави дека името на претседателскиот кандидат со кој на изборите на 24 април ќе настапи коалициајта „Европски сојуз за промени“ е веќе познато, а во наредните денови ќе биде и јавно објавено.

„Денеска, кога и официјално се распишуваат претседателските избори, сакам да ја информирам јавноста дека ‘Европскиот сојуз за промени’ веќе има свој кандидат за претседател. Сојузот има кандидат кој влегува во оваа трка за да победи и да стане претседател на С Македонија, кој нема да биде ‘другиот’, туку ќе биде ‘нашиот’“, пишува Гаши во објавата на Фејсбук.

Во фејсбук-објавата тој додава дека кандидатот на коалицијата на опозициските партии на Албанците ќе биде почитувано име кое, како што вели, ги надминува етничките и политичките граници и ќе биде ретка можност во С Македонија по првпат да се ирази мултиетничкиот карактер на државата.

За можен претседателски кандидат на коалицијата на опозиционерите од албанскиот блок првично се споменуваше името на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците кој одлучи да ѝ се приклучи на коалицијата „Европски сојуз за промени“ на претстојните избори. Подоцна тој изјави дека не е заинтересиран за такво нешто.

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град во кој се консумира најмногу алкохол, Даблин го изгуби првото место

Следно

Муслиу за ТВ 24: Алијанса беше единствена што можеше да им парира на ДУИ, но поддршката се брои по изборите

Latest from Blog

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите
Go toTop