Израелската армија ги принуди раселените Палестинци да ја напуштат болницата Насер во Хан Јунис

February 14, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија денес принуди илјадници Палестинци кои побараа засолниште во болницата Насер во Хан Јунис, јужно од Појасот Газа, да заминат, јавува Анадолу.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија им наредила на раселените луѓе да ја напуштат болницата под огнот на израелските војници.

Армијата им нареди на раселените луѓе да ја напуштат болницата во една колона и да се упатат кон источните области на Хан Јунис.

Воените возила продолжуваат да ја опсадуваат болницата, а армиските булдожери ги уништуваат ѕидовите на болницата подготвувајќи се да упаднат во неа, додаваат очевидците.

Министерството за здравство во Газа вчера соопшти дека неколку Палестинци биле убиени од страна на израелската армија додека се обидувале да излезат од болницата Насер.

Од 22 јануари градот Хан Јунис доживеа масовна израелска копнена инвазија, принудувајќи десетици илјади жители на градот да ги напуштат своите области под силно израелско бомбардирање.

Во неделата шефот на Светската здравствена организација рече дека организацијата е длабоко загрижена за ситуацијата во и околу болницата Насер во Појасот Газа, кој е опколен од израелските сили.

„Длабоко сме загрижени за безбедноста на пациентите и здравствениот персонал поради интензивирањето на непријателствата во близина на болницата. Повторуваме: здравјето МОРА да биде заштитено во секое време“, рече Тедрос Гебрејесус на социјалната мрежа X, повторувајќи го повикот за прекин на огнот.

Од прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што загинаа околу 1.200 луѓе, во израелската офанзива врз Газа загинаа повеќе од 28.000 луѓе и се предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Според Обединетите нации, израелската војна против Газа принуди 85 отсто од населението на територијата внатрешно да се раселат поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчките земјоделци повторно го блокираат граничниот премин Евзони кон Северна Македонија

Следно

Макрон до Нетанјаху: Операциите во Газа мора да „престанат“

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 32,91 милиони денари, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 32.907.505 денари, од кои

Премиерот Мицкоски во Осоговскиот манастир: „Верата и достоинството нè обединуваат“

Премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот, на 27 август, го посети манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде што присуствуваше на Божествената литургија по повод претпразненството на Успението на Пресвета Богородица. Литургијата

УЕФА ќе го тужи Инфантино – познати се деталите!

фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X) УЕФА подготвува кривична постапка против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поради неговиот обид да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори. Информациите доаѓаат од
Go toTop