Африканска чума во Мралино, АХВ донесе Решение за определување заштитна зона

February 14, 2024
1 min read

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за определување заштитна и зона под надзор поради потврда на појава на африканска чума кај свињите во село Мралино, Општина Илинден. Болеста е потврдена со лабораториски наод од Вeтеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во едно нерегистрирано одгледувалиште во ова село, каде до денеска се угинати пет свињи, колку што имало на одгледувалиштето.

Како што вели директоторот на АХВ, Николче Бабовски за МИА, дефинирани се заштитната зона од три километри околу жариштето и зона под надзор во радиус од 10 километри.

-Заштитната зона ги опфаќа селата Мралино и Кадино во општина Илинден, село Идризово во Општина Гази Баба и селата Петровец и Ќојлија во Општина Петровец. Во заштитна зона во радиус од три километри околу потврденото жариште се преземаат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштето/та каде е потврдена болеста како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болеста. Се спроведуваат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, просториите, опремата и возилата, епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор на болеста, како и попис, клинички преглед, контрола на спроведувањето на биосигурносните мерки и идентификација и регистрација на животните во сите одгледувалишта. Се евидентираат сите нерегистрирани одгледувалишта и се врши нивна категоризација во однос на степенот на спроведување на биосигурносните мерки, истакнува Бабовски.

Во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу потврденото жариште, исто така се спроведуваат мерки за попис, клинички преглед, контрола во спроведувањето на биосигурносните мерки и регистрација и идентификација на животните во сите одгледувалишта.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Санчез: Шпанија и Ирска побараа од ЕУ да провери колку Израел ги почитува човековите права во Газа

Следно

Останува ли Пендаровски сам?

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop