Не е сеедно: Еве што открива подарокот од партнерот за неговите чувства кон вас

February 14, 2024
4 mins read

Денес е 14 февруари. Ден кој нè отрга малку од монотоното секојдневие, кога се фокусираме на најблиските и размислуваме како да измамиме насмевка на нивното лице.

Некој денес со пријателите ќе го прослави Свети Трифун со чаша црвено вино, додека, оние другите, овој ден ќе го посветат на своите партнери. За подарок и давање внимание на оние кои ги сакаме, не треба да има повод. Љубовта секојдневно треба да се негува, не само одредени датуми да нè потсетуваат колку се важни луѓето во нашите животи.

Да се осврнеме на денешниот датум и значењето на подароците кои ги добиваме од партнерите.

Колку труд вложил за подарокот и што ви купил? Некои работи, колку и да се трудите, едноставно не можете да ги скриете.

Дали навистина вложил труд околу подарокот, или го купил првото нешто што го видел во продавницата? Можеби недостатокот на труд сам по себе е јасен знак дека во вашиот однос нешто не функционира.

„Кај мажите купувањето подароци функционира сосема поинаку, не размислуваат за тоа до последен момент, а во повеќето случаи нивниот подарок е целосна катастрофа бидејќи го купуваат во состојба на паника“ – објаснува сексологот Трејси Кокс.

Секој подарок има свое скриено значење, а Трејси Кокс го објасни значењето на најчестите „брзи“ подароци кои мажите им ги купуваат на своите партнерки:

1. Подарок „нешто лично“

На пример: Ланче со приврзок со вашето име, прво издание на вашата омилена книга од детството.

Значење: Те слушам и свесен сум за твоите желби. Оваа врска за мене е многу важна и сакам да бидеш среќна.

2. Пре (скап), пре (голем), мегаломански подарок

На пример: домашен миленик за кој никогаш не сте разговарале, авионски карти за некоја популарна дестинација, која всушност не мже да ја дозволи, мече кое е поголемо од вашиот стан.

Значење: Те молам, немој да ме оставаш. Прости ми што бев безобразен, себичен, тврдоглав. Лудо те сакам и никогаш нема да се спасиш од мене.

3. Романтичен подарок

На пример: резервација за романтичен викенд, било што во облик на срце, вечера во убав ресторан.

Значење: Те сакам, омажи се за мене. /Те сакам и среќен сум што си моја. Никогаш не сум се чувствувал вака. /Многу сум романтичен и свесен сум дека жените сакаат вакви работи.

4. Подарок „смртно сум сериозен во намерите со тебе“

На пример: скапоцен накит.

Значење: Ти подарувам скап подарок за да би била свесна дека сум сериозен со тебе. Следниот подарок е прстен.

5. Персонализиран подарок

На пример: било што на што е вашето име, изгравирани подароци – часовник, нараквица, прстен …

Значење: Сакам да знаеш дека многу размислував за тоа, иако не е скап подарок. /Не си како другите луѓе, па морам да ти подарам нешто посебно.

6. Подарок за заедничко користење

На пример: курс за двајца, излет за двајца, карти за концерт.

Значење: Свесен сум дека во последно време не поминувавме многу време заедно и жал ми е./ Би сакал да сме поблиски. /Сакам да ти покажам дека се грижам за нашата врска.

7. Подарок кој сте го барале

На пример: нешто што сте споменале дека би сакале да го имате.

Значење: Доволно долго сме заедно да можеме еден на друг да си кажеме што сакаме за подарок. /Тешка си и не сакам дополнителни проблем околу погрешен подарок. /Знам дека тоа е нешто што навистина го сакаш, а не можеш да си го дозволиш.

8. Практичен подарок

На пример: паричник, чанта, нов сет крпи …

Значење: Јас сум фраер, што очекуваше? Ти купив сè, немам повеќе идеи.

9. Подарок „техно“

На пример: мобилен телефон, лаптоп, пренослива батерија, потполно бескорисни справи.

Значење: Свесен сум дека ја сакаш технологијата како и јас. Доколку не ти се допаѓа, јас ќе го користам.

10. Предвидлив подарок

На пример: парфем кој знае дека го сакаш, ваучер од омилената продавница или парфимерија, убаво, но не прескапо парче накит.

Значење: Немав идеја што да ти купам, па се шетав по парфемириите додека не ме улови продавачката. /Не сум сигурен дали оваа врска ќе потрае, па играм на сигурно. /Немам идеја, немој да ме мразиш што избрав лесен подарок.

11. Дизајнерски подарок

На пример: било што од познат бренд, било што од дизајнерските „листи на чекање“.

Значење: Имам пари и сакам да те разгалам со подароци. /Подобро би било да ти се допаѓа, бидејќи ќе немам ни за кафе следните три месеци. /Знам колку ти е важно како изгледаш. /Сакав да се покажам.

12.Луксузен подарок

На пример: џемпер од кашмир, рачно изработена чоколада или врвен шампањ, сензуална и скапа долна облека.

Значење: Имам многу пари, но малку време и на овој начин сакам да ти се одложам. /Имам многу пари и помошник со генијален вкус. /Вредна си за секој денар.

13. Ситен, но важен подарок

На пример: клучеви од неговиот стан, врамена фотографија од вас двајца.

Значење: Немам многу пари, но секој денар ќе го потрошам на тебе. /Многу си ми важна, но моментално не сум во добра финансиска ситуација.

14. Подарок кој е купен пропратно

На пример: евтин парфем, папучи, саксија за цвеќе.

Значење: Имам премногу обврски и важни работи во животот за да трошам време на барање на подарок за тебе.

15. Подарок „не се грижам“

На пример: ист или сличен подарок на оној кој порано ти го подарил, било што од локалната продавница, нешто купено во парфимерија и било што на акција.

Значење: Не вложив труд, ни време за да ти купам убав подарок, бидејќи порано сум ти купувал вакви работи и поминале.

16. Подарок „воопшто не се разбираме“

На пример: обетки потполно поинакви од оние кои инаку ги носиш, ЦД од класична музичка, а ти слушаш рок.

Значење: Не те слушам и немам поима за што зборуваш со години.

17. Подарок со кој ќе „работиш на себе“

На пример: книга за самопомош, курс за самодоверба или нешто слично, облека во стилот кој му се допаѓа него, а не на вас.

Значење: Се изгуби, ти треба помош. /Не се гледаш себе во вистинско светли, дозволи ми да ти помогнам. /Не ми е целта да те критикувам, но тој стил воопшто не ти стои.

18. Авантуристички подарок

На пример: планинарење, излет кој вклучува екстремни спортови.

Значење: Сакам да ти дадам до знаење дека не сум тип на личност која ќе седи на кревет со тебе и ќе гледа филмови. /Здодевно ми е, ајде да одиме да пробаме нешто ново. /Јас сум спортски тип и секогаш сум сакал вакви работи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бред Пит добил закани од руски тајкун: На проблемиот по Анџелина Џоли им нема крај

Следно

Пендаровски: Премиерот Курти може да биде политичка поддршка кому сака

Latest from Blog

Нова екипа, нова надеж: ГФК Победа ќе се натпреварува во Третата лига

Прилеп добива нов фудбалски клуб – Градскиот фудбалски клуб, односно ГФК Победа, кој од новата сезона ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига. Основач на новиот клуб е здружението „Градски фудбалски клуб

Двајца рудари од Булмак 2016 меѓу најдобрите во Македонија: Признанија за Цеков и Ѓоргиевски

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу наградените за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Хотел Александар Палас во организација на Министерството

Ова го има само во Норвешка: Бодо/Глимт во вторникот играше во плеј-офот во ЛШ, а утредента во националниот Куп!

ФОТО:.facebook.com/Glimt1916/ И дефинитивно ова го има само во Норвешка. Имено во вторникот Бодо/Глимт играше во плеј-офот во ЛШ против НЕЦ Нијменген и успеа да се пласира во елитната европска лига, а веќе

Божиновска: Во центарот на рударството мора да остане човекот, неговата безбедност и достоинство

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го одбележа Денот на рударите – 28 Август, со порака дека идниот развој на македонското рударство треба да се темели на поголема безбедност, модернизација,

Меџити: Го менуваме Чаир со конкретни инфраструктурни проекти

Улицата „Ферид Мурад“, една од поважните сообраќајници во Чаир, денеска се асфалтира на најголем дел од трасата, со што се привршува нејзината целосна реконструкција, објави Изет Меџити. Според Меџити, со поставувањето на
Go toTop