Сирски: Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана

February 14, 2024
1 min read

Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана, изјави генералот Олександар Сирски за германски ЗДФ во интервју објавено во вторникот.

Интервјуто е снимено неколку дена пред претседателот Володимир Зеленски да го назначи Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, на местото на сменетиот генерал Валериј Залужни.

„Војната влегува во нова фаза. Се префрливме од офанзивни операции на одбранбени операции со цел да го исцрпиме непријателот и да му нанесеме максимални загуби, користејќи ги нашите утврдувања, нашите технички предности, беспилотни летала, системи за електронско војување и подготвена одбранбена линија“, рече Сирски.

Тој додаде дека вооружените сили на Украина се свртеа кон воздушни, па дури и копнени беспилотни летала за да ги спасат животите на војниците.

„Би сакал да ја напуштам позицијата, но нема да дозволам губење на луѓе“, рече тој.

Сирски вели дека Русија „не ги цени“ животите на своите војници, што се гледа во тоа што нејзините загуби се седум-осум пати поголеми од украинските – според проценките на Киев.

Во интервјуто за ЗДФ, Сирски вели дека Украина треба да го зголеми производството на домашно оружје и муниција за да се компензира евентуалната загуба на странска поддршка. Киев стана речиси целосно зависен од САД и НАТО, кои во изминатите две години префрлија повеќе од 200 милијарди долари во оружје, опрема и муниција во Украина.

Генералот потврди и дека Киев сè уште верува дека достигнувањето до границите на Украина од 1991 година е главен услов за победа.

„Се е засновано на фактот дека мораме да ја завршиме војната со достигнување на нашите граници. Други опции не се разгледуваат бидејќи едноставно немаме друг излез“, рече тој.

Москва повеќе пати нагласи дека признавањето на Крим, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон како дел од Русија е предуслов за какви било мировни преговори.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку три жртви во руски напад во близина на Доњецк

Следно

Казнети 162 возачи во Скопје

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop