Вучиќ: Време е да се формира големо Движење за народот и државата

February 13, 2024
1 min read

Српскиот претседател  Александар Вучиќ, повторно најавува дека е дојдено време за формирање на „големо Движење за народот и државата“. За такво формирање тој укажуваше неколкупати во изминатитте години, јави Бета.

„Време е да се формира големо Движење за народот и државата, кое ќе има сила да го забрза економскиот раст на Србија и да ги брани нашите национални и државни интереси“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ неколкупати најавуваше формирање на движењето во текот на 2023 година, но тоа постојано беше одложувано.

Идејата на движењето, како што претходно рече Вучиќ, беше да се соберат неколку партии на едно место, меѓу кои Српската напредна партија, Социјалистичката партија на Србија, како и движења, здруженија и бројни значајни поединци.

Првата идеја беше движењето да се основа на Видовден (28.06.2023), а новата најава на Вучиќ доаѓа во пресрет на Денот на државноста – 15 февруари.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како се слави Свети Валентајн во светот?

Следно

Тошковски: Побарав детално да се истражат одредени сомнежи во случајот со Ѓорчевска и Жежовски

Latest from Blog

Неделен преглед на Македонската берза: Над 76 милиони денари промет и пад на водечките акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 76.754.333,27 денари, од кои

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола
Go toTop