Ковачевски: Уставните измени не се последната голема и тешка одлука на патот кон ЕУ

January 30, 2023
1 min read

Уставите измени кои се пред нас, не се последната голема и тешка одлука во однос на одлуките кои следуваат за зачленувањето во ЕУ. Кога ќе  дојде извештајот од скринингот на Поглавјето за владеењето на правото, ние пак ќе имаме закони за кои ќе треба двотретинско мнозинство во однос на унапредувањето на правосудниот и на обвинителскиот систем, но и на многу други области во општеството. Не можеме пред секоја одлука да одиме на избори, како што тоа го бара опозицијата, тоа не е начин, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој на денешната годишна конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со уставните измени уште еднаш потсети дека одговорност на сите политички партии во Собранието и на сите 120 пратеници е да поддржат одлуки кои значат побрзо зачленување на државата во ЕУ.

Ова, како што рече, не е процес на еден човек, ниту е процес на една политичка партија, ниту е процес на една влада, тука ова е процес кој што е неповратен и којшто завршува со членство во ЕУ.

-Не може Мицкоски прво да каже прифаќаме уставни измени, а потоа дека не прифаќаме уставни измени. Потоа да каже дека бара гаранции од пратениците на нотар заверени дека нема да гласаат за уставни измени, за потоа да излезе и да каже дека ако ЕУ даде гаранции ќе поддржат уставни измени, за да на крај каже дека по ниедна цена нема да поддржи уставни измени во време кога ние зборуваме за интеграција на земјата во ЕУ. Нашите граѓани не сакаат блокади. Ја поминав целата држава, никој од граѓаните не кажа дека сака блокирање на европскиот пат. Никој не кажа дека сака блокирано Собрание. Никој не кажа дека сака тензија. Сите сакаат мир, благосостојба и побрзо зачленување на државата во ЕУ, нормално со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет, што и го направивме, додаде Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека пратениците своето право на одлучување во Собранието го влечат од Уставот, законот и деловникот во Собранието.

-Има една теза што ја заговараат од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратениците немале мандат да гласаат уставни измени. По две основи не е точно. Прво, пратениците работат согласно Устав, Закон и Деловник на Собранието. И тие имаат делегирана одговорност, обврска и прво од граѓаните да ги носат одлуките со кои ги остваруваат целите кои граѓаните ги сакаат. И второ, во 2014 година токму од ВМРО-ДПМНЕ  поднесоа за уставните измени. Значи, пратениците своето право на одлучување во Собранието го влечат од Уставот, законот и деловникот во Собранието, додаде Ковачевски.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Брисел: Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники

Следно

Стефковски со реакција: Нема да дозволам СДСМ да го закочи брзиот развој на Гази Баба

Latest from Blog

Продолжува судскиот процес за двојното убиство: Кешишев го смени исказот

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски. На претходните рочишта неколкумина, меѓу кои и човекот кој го возел Палевски во

СИРИЗА избра нов лидер

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Сите форми на насилство врз жените се одвратни и тие претставуваат кршење на човековите права и поткопување на основни вредности на Европската Унија се наведува во заедничката изјава на Европската комисија и
Go toTop