Ескобар: Едностраните потези на Косово ќе имаат последици

February 13, 2024
1 min read

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека на Косово му е сосема јасно дека не може да направи унилатерални потези и да го спроведе указот на Централната банка на Косово за забрана на српскиот динар и дека таквите потези би имале последици.

„Подготвени сме да помогнеме во решавањето на проблемот, но Србија и Косово мора да се вратат на дијалогот и да ги почитуваат постоечките договори“, изјави Ескобар за Танјуг.

Според американскиот претставник, многу од прашањата што ги оптоваруваат односите меѓу Србија и Косово би можеле да се решат со формирање заедница на српски општини на северот на Косово.

Ескобар вели дека Соединетите Американски Држави целосно го поддржуваат дијалогот под покровителство на Европската унија и вложуваат максимални напори тој да продолжи, како и дека дијалогот е единствениот канал за решавање на „билатералните прашања“.

„Зад тоа стојат нашата техничка и економска поддршка, како и нашето политичко влијание, бидејќи на крајот на денот, нашите најголеми аспирации се Косово и Србија да влезат во Европската унија и да развиваат мирни, продуктивни и ефикасни билатерални односи во меѓувреме“, рече Ескобар.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО ДПМНЕ: ОЈО да поведе постапки против Спасовски за пасошите

Следно

Американскиот Сенат усвои пакет помош од 95,3 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop