На граничните премини денеска само со нови документи, Албанија пушта и со стари лични карти

February 13, 2024
1 min read

Протокот на возила на сите гранични премини на Република Македонија со соседните држави се одвива нормално, без застој. Од полноќ возилата се пропуштаат според одредбата од Договорот од Преспа, со која престанаа да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат името на државата Република Македонија.

Грчките погранични служби на граничниот премин Богородица-Евзони не им дозволиле влез на патници од нашата држава, кои имале сообраќајни дозволи со старото име на државата. Тие биле вратени, а покрај сообраќајните дозволи детално ги прегледувале и останатите патни исправи. На овој граничен премин до 12 часот поминале околу 300 патници без поголеми задржувања за поминување на границата.

Согласно билатералниот протокол со Албанија, сообраќајот се одвива нормално со важечки патни исправи и со возачки дозволи и регистерски таблички без ознаката НМК. Граничниот премин Ќафасан, со соседна Албанија, од македонска страна го напуштиле граѓани со стара лична карта без додавката Северна и не се вратени, односно се пропуштени и од албанските гранични служби.

На тој граничен премин од полноќ до 10 часот утрово, вкупно 837 патници направиле влез и излез од државата.

– На Ќафасан од 00 часот од полноќ до 10 часот денеска, споредбено со вчера сообраќајот на патници и возила бележи благо зголемување, се одвива нормално, непречено и без застој од албанска страна. На влез регистрирани се 62 наши државјани и 441 странски државјан, или вкупно 503 патници. На излез регистрирани се 147 наши и 187 странски државјани или вкупно 334 патници. Полициските службеници од граничен премин Ќафасан ги превземаат сите мерки и активности за полесен проток на патници и возила .

И на граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар нема промени во одвивањето на протокот на патници и возила.

На преминот „Блато“ нормално се одвивал сообраќајот и албанските гранични власти ги примаат сите валидни документи, како и досега, согласно со билатералниот протокол. На граничниот премин, Џепиште-Требиште, кој е од локален карактер и имаат право да го користат само жителите од граничниот регион, до 12 часот немало регистрано жител за влез на албанска територија.

Фреквенцијата на возила и граѓани за влез и излез во државата и на граничен премин Делчево – Станке Лисичково кон Република Бугарија утрово е во рамки на нормалата. Сите кои заминале надвор од земјава имале важечки патни исправи и документи и не бил забележан случај на патници кои сакаат да патуваат во соседна Бугарија, без соодветна документација.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски најави предлог до Владата за бесплатна замена на возачки и сообраќајни дозволи до крајот на годинава

Следно

КРИВА ПАЛАНКА Е ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2024, ЌЕ ИМА 55 НАСТАНИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Latest from Blog

Двајца рудари од Булмак 2016 меѓу најдобрите во Македонија: Признанија за Цеков и Ѓоргиевски

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу наградените за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Хотел Александар Палас во организација на Министерството

Ова го има само во Норвешка: Бодо/Глимт во вторникот играше во плеј-офот во ЛШ, а утредента во националниот Куп!

ФОТО:.facebook.com/Glimt1916/ И дефинитивно ова го има само во Норвешка. Имено во вторникот Бодо/Глимт играше во плеј-офот во ЛШ против НЕЦ Нијменген и успеа да се пласира во елитната европска лига, а веќе

Божиновска: Во центарот на рударството мора да остане човекот, неговата безбедност и достоинство

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го одбележа Денот на рударите – 28 Август, со порака дека идниот развој на македонското рударство треба да се темели на поголема безбедност, модернизација,

Меџити: Го менуваме Чаир со конкретни инфраструктурни проекти

Улицата „Ферид Мурад“, една од поважните сообраќајници во Чаир, денеска се асфалтира на најголем дел од трасата, со што се привршува нејзината целосна реконструкција, објави Изет Меџити. Според Меџити, со поставувањето на

Израел ги протерува британските функционери?

Израел размислува да ги протера британските функционери од Меѓународниот центар за поддршка на Газа, мултинационалното седиште под американско раководство кое го следи примирјето меѓу Израел и Хамас, објавува „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи
Go toTop