Ковачевски најави предлог до Владата за бесплатна замена на возачки и сообраќајни дозволи до крајот на годинава

February 13, 2024
1 min read

На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила  каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите.

– Секако дека тоа влијаеше. Она што е важно, исто така е дека голем дел од патните исправи се заменети. Секое ширење на паника и давање популистички изјави кои не се во насока на решавање на проблемот туку се некакво лично себе истакнување не носат ништо добро. Затоа пратеничката група на СДСМ вчера, а нормално и претседателот на Собранието кој сега е од нашата партија дојдоа веднаш до консензус со сите партии, за да се продолжи рокот на важењето на документите за внатрешна употреба и тоа се направи. Нашите министри денеска на седница на Владата ќе предложат решение со кое замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатно, на трошок на државата, за да може да се реализира тој процес до крајот на годината, рече Ковачевски, на новинарско прашање при посетата на Куманово. 

Ковачевски се надева дека Министерството за внатрешни работи со своите управи и раководство ќе успеат навреме да набават обрасци за патните исправи, бидејќи, како што посочи, и тоа е сложен процес бидејќи не се произведуваат во нашата држава, туку во Германија, а со правилно организирање на процесот тој ќе заврши.

Посочи дека се работи за голема операција за замена на сите лични документи, која произлегува од меѓународен договор ратификуван во нашето Собрание и во Собранието на Грција.

-Би искажал и жалење во однос на она што граѓаните го поминуваат,  мора да се биде реален, бидејќи не е едноставно да се нема патна исправа. Меѓутоа, тоа е процес којшто ќе мора сите заедно да го изодиме. Исто така, се покажа уште еднаш дека не е добро да се даваат популистички и лажни изјави бидејќи ние бевме сведоци во текот на изминатите четири години дека каде што дел политичари кажуваа немојте да ги заменувате документите бидејќи ќе го врателе името, сега гледаме дека тие политичари станаа дел од Владата. Тие не велат дека ќе го вратат името назад и дека ќе го сменат Уставот. Таква изјава не слушнав, изјави Ковачевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Израел мора да го прифати постоењето на независна држава Палестина

Следно

На граничните премини денеска само со нови документи, Албанија пушта и со стари лични карти

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop