Нови одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, кај село Истибања

February 13, 2024
1 min read

Нова опасност за возачите кои патуваат по магистралата А3 и патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, откако утрово нови поголеми одрони се забележани во близина на село Истибања. Паднатите карпите се наоѓааат на дел од коловозот, а сообраќајот засега се одвива по местото каде истите можат да се заобиколат, информираат возачи.

Од Макдонија Пат информираа дека нивни екипи со механизација веќе се упатени кон месноста Драките каде се наоѓаат одроните, се со цел истите да бидат отстранети.

– Се работи за поголеми карпи на терен кој е подложен на одрони и каде во минатото имаше и поголеми такви карпи, заради што возачите секогаш претпазливо се движат на оваа релација. Во очекување сме расчистувањето да заврши бргу и сообраќајот повторно да се одвива без проблеми по двете коловозни ленти, информираа од Македонија Пат.

Апелираа на почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината пред самата делница.

– Се надеваме дека ќе се почитува апелот. Она што е важно е што, што не е забележана материјална штета или возила зафатени од одроните, додадоа од Македонија Пат.

Во изминатите неколку години овој патен правец често е подложен на паѓање на карпи заради што во неколку наврати истиот беше дополнително обезбедуван.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Следно

Тест за невиност за проценка на „моралот“ на туркменистанските тинејџерки

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop