Палестинските бегалци во Рафа велат дека повеќе би сакале да умрат отколку да го напуштат Појасот Газа

February 12, 2024
3 mins read

ГАЗА (АА)

– Хусну НЕДИМ

Палестинците кои пребегаа во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, меѓу напуштањето на својата земја и смртта ќе го изберат второто и нема да заминат без оглед на најавениот копнен напад на Израел, кој е обвинет за геноцид, јавува Анадолу.

Во нападите во текот на изминатата ноќ на Рафа загинаа повеќе од 100 Палестинци, а стотици други беа ранети.

Локалните извори за Анадолу потврдија дека израелските сили извршиле околу 40 воздушни напади, со поддршка на артилеријата од копно и од воени бродови, а цел биле првенствено објектите каде што се сместени бегалците од другите делови на Појасот Газа, главно куќи и џамии.

Рафа, град покрај границата со Египет, сега е последното прибежиште за околу половина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на 1 февруари најави копнен напад врз пограничниот град Рафа.

– Смрт отколку бегство во Синај

Палестинците кои побегнаа во Рафа се уморни и загрижени поради можен копнен напад на Рафа, а во изјава за Анадолу ја отфрлија можноста за раселување надвор од Појасот Газа, велејќи дека помеѓу преселбата на Синај и смртта, тие ќе изберат смрт.

Раид ес-Шурафа во изјава за Анадолу рече дека нема да се пресели од Појасот Газа на Синај.

„Тука ќе умреме. Нема да се селиме на египетскиот Синај. Со сила и бомбардирање нѐ иселија од нашите куќи, ние не би ги напуштиле. Го бомбардираа училиштето Ебу Бекр ес-Сидик и син ми таму стана маченик“, изјави 62-годишниот Раид ес-Шурафа.

Како што изјави, неговиот втор син бил киднапиран од страна на израелските сили, па поради внукот дошол во Рафа, за да не бидат сами.

Раид ес-Шурафа вели дека Рафа бил „последната станица“.

„Дури и да ме убијат, не заминувам од Рафа. Тоа е невозможно. Тоа не е само мој, туку пристап на целата нација. Како да го направиме тоа? Зарем да ја напуштиме нашата земја и да одиме на Синај? Ќе умрам во Газа без воопшто да помислам да ја напуштам“, нагласи тој.

– „Да се умре на чесна палестинска земја“

Раселениот Палестинец Езхар Хамди, исто така, ја отфрла идејата да се пресели на Синај.

„Ќе умрам во чесната земја на Појасот Газа, никогаш не размислувам да ја напуштам Рафа“, рече Хамди.

Тој нагласи дека Палестинците никогаш нема да прифатат да бидат раселени во Синај.

„Зарем не е доволно што еднаш бевме избркани од нашите огништа? Ние не прифаќаме и нема да прифатиме преселување на Синај. Каде и да одиме, каде и да сме, се вршат злосторства врз нас и никој не се грижи“, рече Хамди.

Ибрахим Авад, 63-годишен Палестинец, потсети дека претходно слушнале за заканите на Израел дека ќе изврши копнена операција на Рафа, откако Палестинците беа протерани од северниот кон јужниот дел на Појасот Газа.

„Доколку израелската Армија влезе во Рафа, ќе изврши масакри и геноцид врз недолжните цивили“, изјави Авад.

Отфрлајќи ја идејата за заминување на Синај, изјави дека нема каде да одат.

„Каде да одиме? Колку живот ми остана? Ќе умрам тука, во нашата земја е многу подобро за нас“, рече Авад.

Палестинката Вефа Ахмед се плаши од можни масакри и геноцид доколку израелската Армија влезе во Рафа, но таа е и против идејата за раселување на палестинскиот народ надвор од неговата земја.

– Нема безбедно место во Појасот Газа

Кусаи Абдулатиф (19) исто така е загрижен за можен копнен напад од страна на Израел и масакрот што со себе ќе го донесе.

„Рафа е полна со раселени луѓе. Секое место е преполно, а во Појасот Газа не остана безбедно место“, рече Кусаи.

Тој посочува дека останале во неверување поради молкот на меѓународната заедница пред масакрот врз Палестинците, поради тоа што не реагирале на уништувањето, убивањето и протерувањето.

Од Бејт Ханун на северниот дел на Појасот Газа е протеран Инширах Хамед.

Тој смета дека Израел, доколку дојде до копнен напад, ќе изврши страшни масакри во Рафа.

„Избирам да умрам во Појасот Газа отколку да заминам на Синај или на друго место. Што да правиме во земја што не е наша татковина?“, праша Хамед.

По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили продолжуваат да го напаѓаат Појасот Газа во напади во кои од 7 октомври се убиени најмалку 28.340 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се 67.984 лица.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Над 580 случаи на голема кашлица во Црна Гора

Следно

Шпанија ќе ја ограничи употребата на вода

Latest from Blog

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама,

Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во

Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад

Започна новото издание на „Генералка викенд“ – иницијатива за масовно чистење на отпадот што несовесни граѓани го оставаат низ природата. Илјадници волонтери од сите општини низ земјата се вклучени во акцијата, која

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните
Go toTop