Катица Јанева секој ден излегува од „Идризово“ па се враќа

February 12, 2024
1 min read

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева доби дозвола од Управата за извршување санкции да излегува од затворот „Идризово“ за да работи во фирма. Таа од пред една недела работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, Лазар Јанев.

Оваа информација денеска ја откри самата Јанева, споделувајќи ја на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Јанева беше уапсена како осомничена во „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од седум години беше преместена во „Идризово“, а ваквата привилегија Јанева ја добива откако одлежа речиси пет години затвор.

Во изјава за МКД.мк директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ рече дека на Јанева ѝ е издадено решени да може да оди на работа, а штом ќе заврши работното време, таа се враќа во затворот.

-Платата оди на сметка на затворот. Решението ќе важи се додека таа и навистина оди на работа и ги почитува условите од решението, односно ќе се прават строги контроли во таа смисла, изјави Стојановиќ.

Директорот додаде дека за да се добие привилегијата казната за доиздржување не треба да е поголема од 3 години. Јанева е една од околу 100 осудени лица кои излегуваат дневно од затворите со ваков третман.

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Митрески: Собранието да преземе итни чекори за надминување на проблемот со возачките дозволи

Следно

10-минутна навика може да помогне за топење на масните наслаги

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop