ВО ЧИФТЕ АМАМ СЕ ОТВОРА РЕТРОСПЕКТИВА НА СКУЛПТУРИ ОД АНГЕЛ ДИМОВСКИ-ЧАУШ ЗА 5 ДЕЦЕНИИ ТВОРЕШТВО

February 1, 2024
1 min read

Ретроспективната изложба на скулпторот Ангел Димовски-Чауш насловена „50 години творештво“ ќе се отвори вечерва во 19:30 часот во Чифте амам во Скопје, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ).

Делата на Димовски- Чауш, кој живее на релација Македонија-Франција, творени во текот на изминативе педесет години, имаат четири тематски/идејни целини. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини. Куратор е Љупчо Маленков, а соработник куратор е Горанчо Ѓорѓивески, кустос во Националната галерија.

Кураторите велат дека на стилски план е остварен личен израз во сите четири тематски целини, како спој на инвентивно употребен еклектицизам на архаичното, примитивистичкото, нивните модернистичко-авангардни преработки, поп и рок културата.

„Во таа смисла, скулптурите на Ангел Димовски-Чауш припаѓаат на модернистичко авангардната линија кој исконското го внесе во модерното. Тоа се скулптури чиј заеднички именител е интенцијата да се изрази говорот на телото обликувано во стилизирани робусни и елегантни анатомски дисторзии, или сведено на апстрахирано тело-лушпа во активност. Во неговите дела се препознаваат главниот мотив – жената и придружниот мотив на птицата, при што асоцијациите за преплетување на антропоморфното во зооморфното, и обратно, се често присутни“, велат кураторите.

Другата целина ја претставуваат сликарско-скулпторски објекти со критичка ангажираност на конкретни актуелни состојби, случувања и процеси во екологијата, политиката, културното наследство, националниот идентитет, сообраќајната (не)култура.

Третата целина е омаж за писмото/јазикот, за описменувачите и јазичните кодификатори на старословенската глаголица и кирилица, и на современиот македонски јазик, додека четвртата целина е своевиден омаж на т.н. примитивизам на црнечката скулптура споена со сензибилитетот на поп и рок културата, на која и припаѓа уметникот од времето на неговата младост.

Изложбата ќе трае до 20 февруари.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Тешко повредена 68-годишна жена во Карпош, ја удрил „Џип“

Следно

БОМБА во Ф1: Хамилтон следната сезона ќе вози за Ферари?!

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop