Здрава котлина: ДУИ купи 25 отсто од Еуромакс Ресурси, концесионер на рудникот „Иловица“

January 28, 2023
1 min read

Денес и официјално можеме да потврдиме со писмен доказ дека она што го зборувавме и за што предупредувавме се случи. Имено тетовски Еколог почна да го купува Еуромакс Ресурси, објави граѓанското здружение „Здрава котлина“.

Преку холандскиот холдинг NDX BV се купија акции од Еуромакс Ресурси во вредност од 3 милиони американски долари и се договори дополнителни финансии од 10 милиони канадски долари за докупување до вкупно 25% од Еуромакс Ресурси под услов во наредните 2 години Еуромакс да добие дозвола за еколошката студија, да ги спои концесиите и конечно да добие дозвола за експлоатација.

Овластен потписник на договорот поврзана со трансакцијата е Али Везваеи, кој, пак, во исто време е потпретседател на бордот на директори на Еколог Интернационал групацијата и претседател на бордот на директори на автомобилската компанија e.GO Mobile. Тоа е истата таа компанија GO Mobile на која првиот заменик премиер Артан Груби им вети 130 милиони евра државна помош од буџетот на Република Македонија.
Коцките полека се склопуваат за се што зборувавме од моментот кога објавивме дека главниот финансиер на ДУИ и краен сопственик на сите спомнати компании господинот Дестани заедно со фамилијата беше на состанок во Струмица со поранешниот премиер Зоран Заев.

Тогаш не знаевме што ќе има резултат од тој состанок, но еве денес конечно знаеме. Исто како што знаеме за сите поврзаности и неслучајни “случајности” во оваа наша измачена и ограбена држава.

Што мислите зошто Еколог би фрлал милиони на удели во фирма која е моментално заглавена во повеќе десетици милиони долар долгови и чија единствена потенцијална вредност е само ако некако се обнови истечената и одземената концесија?
Видете ги сликите и се ќе ви биде јасно зошто и што ќе се случува во наредниот период.

Но есапот дома и на пазар не е секогаш ист и крајно време е за радикални промени во нашето општество. Веќе е извесно дека ќе има голем конфликт и долга ќе биде битката, но ние ќе победиме и рудник нема да има!, објави „Здрава котлина“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тасевски: Mногубројните провокативни изјави на бугарските политичари што се однесуваат на македонскиот народ треба да се окваливикуваат со вистинскиот збор „ШОВИНИЗАМ“!

Следно

Чачиќ: Не можеме да го пуштиме Адеми

Latest from Blog

Градоначалникот Проданоски се приклучи на крводарителската акција во Прилеп

Во просториите на Општина Прилеп се одржа крводарителска акција организирана во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина. На акцијата учествуваа над шеесетина граѓани кои

Коњановски: Силна соработка меѓу општините за подобри комунални услуги

Во Охрид се одржа настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“, организиран од Здружението на даватели на комунални услуги, кој ги собра претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа

Јаулевски : Изборот на обвинител е тест за враќање на довербата во правосудството

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски, денеска во Собранието порача дека изборот на нов државен јавен обвинител претставува клучен момент за иднината на правосудниот систем во Македонија. Во своето обраќање, Јаулевски

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

Binance го проширува моделот на континуирано, непрекинато тргување — модел што е карактеристичен за крипто-пазарите — и во светот на традиционалните финансии, овозможувајќи им на корисниците да тргуваат со перпетуални договори поврзани
Go toTop