Апсења за дрога во Скопје и околината, фатени 6 лица

January 28, 2023
1 min read

Дрога пронајдена кај повеќе лица,во одделни случаи, во текот на вчерашниот ден и денеска по полноќ. 

Денеска (28.01.2023) во 02.35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Т.С.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. 

На 27.01.2023 во 19.00 часот на автопатот Велес – Скопје, во близина на Башино Село, велешко, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај – Петровец, ги лишија од слобода Н.Д.(39) и А.Д.(43), двајцата од Охрид, затоа што при преглед кај А.Д. била пронајдена прашкаста материја.

Денеска (28.01.2023) во 01.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишена e од слобода Д.Н.(20) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена марихуана.

На 27.01.2023 во 18.45 часот на подрачје на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Н.А.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

На 27.01.2023 во 11.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи против сторителите ќе бидат поднесени соодветени поднесоци. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мицкоски: Потребни се избори, за да имаме влада избрана од народот, ова е влада каде Али е стопанот, а Ковачевски послушник, кој не е избран од народот

Следно

Борел побара од Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите

Latest from Blog

Продановски: Нови 130 семејства ќе добијат финансиска поддршка за новороденчиња

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, денес ги потпиша новите 130 решенија за доделување еднократна парична помош за новороденчиња, мерка со која локалната самоуправа продолжува да ја поддржува грижата за младите семејства и

Божиновска: Усогласување со ЕУ регулативите како клуч за безбеден пазар на возила

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави сериозна и сеопфатна реформа на системот за возила, со која започнува процесот на усогласување на националното законодавство со европската регулатива ЕУ 2018/858.

СЕ ОГЛАСИ ЏЕЈЛА ПО ПРИВЕДУВАЊЕТО ВО КИЧЕВО: Целата документација беше уредна, проблемот настана по вина на организаторот

Пејачката Џејла Рамовиќ се огласи по инцидентот во Кичево, каде што беше приведена заедно со нејзиниот бенд поради наводен настап без работна дозвола, и објави дека веќе во петок се враќа во

ДОКТОР ПО КВАНТНА ФИЗИКА НА 15 ГОДИНИ!

Лоран Симонс (15) од Белгија, познат како „малиот Ајнштајн“, официјално стана доктор по квантна физика и е еден од најмладите доктори во светот. Тој во понеделник успешно ја одбрани својата докторска теза

Голтнал дрога за време на полициско испрашување, подоцна починал во болница

Полицијата интервенирала поради возење во пијана состојба, а осомничениот се обидел да ја скрие дрогата во устата. За време на контролата на возачот, со алкотестер било утврдено дека имал 0,67 г/кг алкохол
Go toTop