ВМРО-ДПМНЕ: Правото не познава предлози за министри, „празно место“ како што изјавува Ковачевски

January 19, 2024
1 min read

Правото не познава предлози за министри, „празно место“ како што изјавува Ковачевски, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголема опозоциска партија реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој денска побара местата во идната техничка влада предвидени за ВМРО-ДПМНЕ да останат празни се додека најголема опозициска партија не реши да ја поддржи владата

-Меѓудругото токму поради ваквите евтини трикови и надмудрувања кои беа очекувани од СДС и Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ повика да се укине техничката влада, што Ковачевски истото го одби. Со цел да се постапи државнички и одговорно ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува во техничката влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став, и имињата за министри и заменици, согласно законот ќе бидат предложени наредната недела, се наведува во партискиот став.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека останува на власта да одлучи.

-Власта треба реши дали ќе одбере да го почитува законот, или истиот ќе го крши, што само ги открива и позадинските намери за загрозување на изборниот процес што е доказ за огромната доза на нервоза кај власта во заминување, нагласуваат од оваа партија.

 

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првиот турски астронаут Гезеравџи со прва порака од вселената: „Иднината е во небото“

Следно

Саух, Тесла, саух

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop