НАТО мобилизира 90.000 војници, ќе вежбаат сценарија во случај на руски напад

January 18, 2024
1 min read

НАТО има намера да мобилизира 90.000 војници за најголемите воени вежби на Алијансата од крајот на Студената војна со цел да ја одврати руската агресија, пишува денеска германската агенција дпа.

Според информациите што денеска ги доби дпа, сценариото за вежбата „Steadfast Defender“, која треба да започне во Европа во февруари, е руски напад на сојузничка територија што би го активирал членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој гарантира колективна одбрана.

Вежбите ќе се фокусираат на алармирање и распоредување на национални и мултинационални копнени сили во случај на руски напад. Членот 5 беше активиран само еднаш по нападите на 11 септември 2001 година врз САД од страна на Ал Каеда.

Најголемите вежби на Алијансата од Студената војна, наречени Trident Juncture, се одржаа во 2018 година главно во Норвешка, а во нив учествуваа околу 51.000 војници.

Британското Министерство за одбрана неодамна соопшти дека околу 20.000 нејзини војници од морнарицата, воздухопловните и копнените сили ќе учествуваат во овогодинешните вежби.

Членките на Алијансата Естонија, Летонија, Литванија и Полска сметаат дека се на првата линија на одбраната во случај на руска агресија.

Многу земји од источното крило на НАТО стравуваат дека еден ден би можеле да се соочат со слична судбина што го снајде украинскиот народ, кој речиси две години се бори против руската инвазија.

Воениот одбор, највисокото тело на Алијансата, се состана денеска во Брисел./makfax

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Високи европски функционери бараат од лидерите на ЕУ да ги истражат изборите во Србија

Следно

Вучиќ: Опозицијата знае дека никој не ги украл изборите, ќе влезе во аналите што направија

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop