Косово: 12 рудари од комбинатот „Трепча“ се повредени поради истекување на сулфурна киселина

January 17, 2024
1 min read

Комбинатот „Трепча“ соопшти дека 12 рудари се повредени во несреќата што се случила кога од пумпите истекла сулфурна киселина, пренесува Анадолија.

Како што е соопштено, несреќата се случила денеска во 12 часот и 35 минути, на 11. хоризонт во рудникот Стари трг, при чистење на цевките на пумпите со сулфурна киселина.

„При одржување на цевката од цилиндерот истече сулфурна киселина и во таа прилика се повредени 12 работници во рудникот Стари трг“, наведуваат од комбинатот Трепча.

Спасувачките екипи на рудникот брзо реагирале за да ги евакуираат повредените рудари од рудникот. Им била укажана прва помош и биле пренесени на понатамошно лекување во Регионалната болница во Митровица.

Според извештајот на дежурните лекари, двајца рудари се здобиле со тешки, но излечиви повреди и се задржани на офталмологија, додека останатите рудари се полесно повредени и се пуштени на домашно лекување. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кралот Чарлс следната недела ќе оди на операција

Следно

Рангеловиќ за ТВ 24: Беса Адеми остана должна да ги каже имињата на оние кои вршеле притисок

Latest from Blog

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев

ВЛЕН: Македонија се поврзува со енергетските системи на регионот

Северна Македонија и официјално стана дел од вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа. Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим

ГОЛЕМА ЕСКАЛАЦИЈА НА ФРОНТОТ – Русија го нападна седиштето на украинското разузнавање

Седиштето на украинската разузнавачка агенција СБУ беше погодено во руски напад со беспилотни летала, при што се издигнаа облаци од црн чад во воздухот во срцето на Киев, пренесува Гардијан. Претседателот на Украина,
Go toTop