„Антитерористичките операции на Туркије ќе продолжат сѐ додека планините во северен Ирак не бидат целосно безбедни“

1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека антитерористичките операции на Туркије во регионот ќе продолжат сѐ додека планинскиот регион во северен Ирак, преку јужната граница на Туркије, не биде целосно безбеден, јавува Анадолу.

„Нашите операции во овој регион ќе продолжат сѐ додека не ја обезбедиме секоја педа од планините во северен Ирак, кои се извор на терористички акти“, изјави Ердоган на прес-конференцијата по состанокот на владата во Анкара.

Во текот на последните пет дена, 114 позиции се погодени како дел од воздушните операции во Сирија и Ирак, при што 78 терористи се неутрализирани, додаде тој.

„Обидите да се поттикне и зајакне терористичката организација ПКК преку обезбедување оружје, муниција, обука и засолништа добија на интензитет“, истакна турскиот претседател.

„Нашите прекугранични операции, исто така, ги спречија заговорите кои имаа за цел да ја вовлечат Туркије во внатрешни превирања преку бранот на нерегуларни миграции“, додаде Ердоган.

Нагласи дека со оглед на тоа што ветувањата дадени до Туркије не се исполнуваат, никој не може да се противи Туркије да ги преземе неопходните мерки за сопствената безбедност, рече турскиот претседател, мислејќи на претходните ветувања за воспоставување тампон зона долж нејзината јужна граница.

Преку успешни прекугранични операции, Туркије „јасно и недвосмислено“ покажа дека нема да дозволи никакви „хируршки“ напади на нејзината територија, рече тој.

„Им наложивме на нашите безбедносни единици да ги уништат сите терористички елементи што ќе ги откријат, без оглед на тоа кој е до нив, во нивна близина или зад нив“, додаде тој, имплицирајќи дека сите меѓународни сили кои работат со терористички организации треба да престанат да го прават тоа.

„Нашето воено присуство надвор од нашите граници е од клучно значење за безбедноста на нашата земја и мирот на нашите граѓани. Од тоа нема враќање назад“, рече Ердоган и порача:

„Туркије несомнено ќе преземе дополнителни чекори за борба против тероризмот во наредните месеци, без оглед на тоа кој, што зборува, или какви закани упатува“

Изјавата на Ердоган дојде по новите напади на терористичката ПКК во последните денови, во кои загинаа 21 турски војник, проследени со жестоки турски напади врз терористички позиции во северен Ирак и Сирија.

Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година за уништување на засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авасин-Басјан во близина на турската граница.

На тоа ѝ претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ започнати во 2020 година за да се искоренат терористите кои се кријат во северен Ирак и кои планираат прекугранични напади во Туркије.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и бебиња, деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Снег на Попова Шапка и Маврово, во Крушево намалена видливост поради магла

Следно

Ужас во Грција: Ја полил сопругата со бензин и жива ја запалил пред децата

Latest from Blog