Стоилковски: На се што испотпопишаа Владата денес имаме ситуација на студена војна меѓу Македонија и Бугарија, а премиерот и претседателот си играат аналитичари

January 27, 2023
1 min read

Прво, навистина е тешко промашување, тежок дебакл на се што прифати македонската влада, на се што испотпопишаа денес самите да се доведеме во една студена војна во смисла на заладени дипломатски односи помеѓу две држави. Тоа се случува кога едната страна е без стратегија, без предвидени чекори многу лесно ќе остварува се што ќе побара од неа од втората страна. Тогаш се губи достоинството, и на секој чекор и се чини за природен пат од страна на оние кои имаат претензии, тоа да го прави и бара од неа, рече Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на актуелната ситуација во која од една страна се говори за односите со Бугарија, од друга за уставни измени.

Во однос на ова прашање Стоилковски освен посоченото погоре посочи уште три работи.

„Како второ, со извонредна леснотија владата и претседателот имаат улога на аналитичари во сиот овој период. Значи коментатори на состојбите, без да делуваат. Пример за тоа е кога претседател на државата ќе каже дека овде има замешателство на странски држави, поединци кои што одработуваат. Вистинското прашање е зошто тие немаат име и презиме за да народот не се доведува во заблуда. И подеднаква дилема е, која што заслужува одговор е што преземаат и претседателот и владата да не се случува тоа. Трет аспект, ако чекорот со кој настапува власта е прогласување персона нон грата, тогаш зошто се чека до 4-ти февруари да се донесе одлука. Зарем прво ќе дојдат ќе провоцираат инциденти па дури потоа ќе делува власта во Македонија. Како се случи еден инцидент во Охрид институциите да дозволат да се претвори меѓудржавен спор и инцидент“, кажа Стоилковски.
И како последен четврт аспект, Стоилковски посочи „четврто, се потврдува нашата теза дека уставните измени не се последната отстапка која се бара од нас. Тоа отвора дилеми, дали оваа влада ветила многу повеќе и тоа сега бугарската страна го бара. И главната причина зошто така се однесува владата килаво е само затоа што прават компромиси со се и сешто, зошто не се чисти и чесни и се до гуша потопени во криминал и корупција, и затоа многу лесно се согласуваат на се“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, рече Стоилковски, „во овие сериозни времиња ако е потребно единство во државата во заштита на државните и национални интереси, тогаш таквата поддршка и таквото единство го имаат од ВМРО-ДПМНЕ, но, оваа власт очигледно мора да си замине“.

Стоилковски додаде дека „вистинскиот тест за тоа кој има мнозинство и доверба во државата се изборите“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шолц потсети на одговорноста на Германија за холокаустот

Следно

ЕУ бара од Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

Latest from Blog

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526 што ја отвора Владата ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби. -Ја

Вардар и Пелистер пред полн СЦ „Јане Сандански“ ќе одлучуваат за титулата

Вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер вечер во Скопје ќе го играат решавачкиот натпреварот за шампионскиот трофеј во ракометната Суперлига на Македонија. Билетите за овој натпревар кој ќе се игра во Спортски

Повторно одложено конституирањето на косовското Собрание, нов обид во понеделник

СКОПЈЕ (АА) – Конститутивната седница на косовското Собрание е одложена и денес, откако повторно немаше доволно гласови за избор на Комисијата со тајно гласање за избор на претседател на Парламентот, известува Анадолу.

Физички напад во Пепелиште – побегнал кај родителите, но напаѓачите го следеле!

Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М.(27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д.(27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при
Go toTop