Две вагон-цистерни со фосфорна киселина се излизгале кај Зајечар во Србија, нема опасност по животите на луѓето

January 27, 2023
1 min read

За време на инцидентот, цистерните не се оштетени, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина

Две вагон-цистерни со фосфорна киселина, денеска во 8:40 часот, се излизгаа од шините во градот Зајечар во источна Србија. Инцидентот се случил на четвртата пруга кај железничката станица „Зајечар“.

„За време на инцидентот цистерните не се оштетени, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“,

соопштија од компанијата „Железничка инфраструктура на Србија“, а пренесе РТС.

Двете цистерни кои се излизгале биле дел од товарниот воз кој има дванаесет вагони, а се излизгале осмиот и деветтиот вагона од локомотивата.

За излетувањето од шините биле информирани претставниците на Противпожарната служба, а железничкиот сообраќај на овој дел од пругата не е во прекин.

Во Србија за краток период се случија неколку несреќи поврзани со превоз на опасни материи.

Во Суботица, на северот на Србија, на 24 јануари три вагон-цистерни со пропилен (гас што најчесто се користи како енергија за согорување или гориво) излетаа од шините.

Тогаш немаше истекување на пропилен и немаше опасност по луѓето, имотот и животната средина, а причините за лизгањето ги утврдува Железничката комисија, соопшти тогаш „Железничката инфраструктура на Србија“.

На 12 јануари во вечерните часови од цистерна во населбата Топола во Панчево имало истекување на раствор од амонијак.

Сопственикот и возачот на камионот-цистерна се уапсени под сомнение дека предизвикуваат општа опасност и ја оштетиле животната средина, а надлежните соопштија дека овој инцидент не предизвикал последици од опасна закана по здравјето и безбедноста на луѓето.

На крајот на декември четири од 20 вагон-цистерни што превезуваа амонијак излетаа од шините кај Пирот. По несреќата, повеќе од 50 лица беа хоспитализирани поради симптоми на труење. Еден ден по несреќата, министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека причината е лошата инфраструктура.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Скопјанец фатен со прашкаста материја во Чаир

Следно

Шолц потсети на одговорноста на Германија за холокаустот

Latest from Blog

Социјалната мобилност во Германија значително се намали, нееднаквоста во пораст

Социјалната мобилност, т.е. способноста на поединците да го променат својот социјален и економски статус во однос на своите родители, бележи значителен пад во Германија од 1970-тите години, според нова студија на Институтот

Муртезани денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што денес и утре се одржува во Тирана, Албанија. Министерот Муртезани беше говорник на панелот на тема „Албанците во регионот

Строги правила и мониторинг за малите хидроцентрали – решение за стабилна енергија

Македонија е соочена со енергетска саморанливост и застарени капацитети за базно производство на електрична енергија. Потребно е што поскоро да се изградат нови производствени капацитети за базно производство на електрична енергија, како хидроелектрани и гасни когенеративни

Ѓорѓиевски најави: Скопје станува нова дестинација на фестивалот „EXIT“

Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „EXIT“. Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина
Go toTop