Блинкен во посета на Блиски Исток

January 26, 2023
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен викендов ќе ги посети Египет, Израел и Западниот Брег, соопшти денеска Стејт департментот.

Предвидено е Блинкен в недела во Каиро да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, а в понеделник ќе ги посети Ерусалим и Рамалах, а во вторник ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас, објави Стејт департментот.

Посетата беше во планирана со недели, но денешната израелска воена акција во бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег, во која загинаа девет Палестинци, се очекува да биде главна тема на разговорот во Ерусалим и Рамалах.

Блинкен е вториот висок американски функционер кој ќе го посети Израел оваа година по советникот за национална безбедност Џејк Саливан, бидејќи расте загриженоста на САД поради насилството и плановите на новата десничарска Влада на Бенјамин Нетанјаху.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс најави дека Блинкен ќе ја нагласи итната потреба за намалување на тензиите со цел да се запре циклусот на насилство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасеновски: Како резултат на предизборната кампања на Бугарија, ние сме сведоци на радикална реторика упатена кон Македонија

Следно

ОГРОМНА ЗАГУБА: Почина Марија Стојанов, дамата која остави траен белег во белиот мантил

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop