ЈАЗИЧНА ИНСПЕКЦИЈА НА ТЕРЕН ЌЕ ПРОВЕРУВА ДАЛИ СЕ ПРИМЕНУВА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРЕДВИДУВА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

January 26, 2023
1 min read

Формирање на Инспекторат за македонски јазик, стипендирање студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование, како и задолжително изчување на македонскиот јазик во два семестра и на државните и на приватните универзитети, се дел од новините кои ги содржи Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик.

Во Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ денеска се одржа јавна дебата за предлогот кој го подготвија Советот за македонски јазик и Министерството за култура, а кој е јавно достапен на Електронскиот национален регистар на прописи на Македонија (ЕНЕР).

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека периодов се усовршувал Предлог-законот откако процесот запре во 2020, по Јавната дебата на која пристигнаа голем број забелешки кои темелно беа разгледани и вметнати во оваа верзија на Предлог-законот.

„Јазикот е нашиот темел, израз на нашиот идентитет. Затоа, секој стручен влог во донесување на правната рамка за негова употреба, чување на неговите посебности е драгоцен придонес за нас самите и за нашата државност“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Претставувајќи го Предлог-законот, проф. д-р. Елизабета Бандиловска, членка на Советот за македонски јазик, кажа дека во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.

Предлог-законот го претстави проф. д-р. Елизабета Бандиловска, членка на Советот за македонски јазик. (Фото: К. Попов)

„Водејќи се од потребата за подигање на јазичната култура, негувањето и заштитата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, како и афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилната употреба на македонскиот јазик во јавната комуникација, се предлага донесување нов Закон за употребата на македонскиот јазик со кој ќе се прошират областите во кој задолжително се употребува македонскиот стандарден јазик“, додаде Бандиловска.

За Инспекторатот за македонски јазик, тоа би бил орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба на македонскиот јазик. Ќе се изработува и Национална стратегија за македонскиот јазик, за што ќе биде вклучен Советот за македонски јазик и значајни високообразовни институции.

Министерството за образование и наука (МОН) во текот на академската година ќе објавува конкурс за стипендирање студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование.

Меѓу забелешките кои се истакнаа на дебатата беше дека никаде не се споменува оти  македонскиот јазик е задолжителен за сите државјани на Македонија, како и тоа на кој јазик се комуницира во странство и како ќе им бидат напишани имињата на македонските учесници на некој настан. Коментарите и забелешките, како што кажа и министерката, ќе бидат разгледувани.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Смени во грчката полиција поради скандалот со прислушувањето

Следно

Апостоплов: Ако не се најде решение за паркирање во Клинички ќе има тепачки

Latest from Blog

Памела Андерсон проговори за врската со Лиам Нисон, сите се зачудени: Тоа би била смртна казна (ФОТО)

Уште едно признание што го потврдува нејзиниот статус на филмска икона и фактот дека оставила сериозен белег во Холивуд. Но, додека камерите светкаа за наградата, публиката уште повеќе чекаше на нејзиниот коментар

Се разведе и „Колдплеј љубовницата“ (ВИДЕО)

52-годишната Кабот поднесе барање за развод помалку од еден месец откако видеото на кое се бакнува со својот шеф стана вирално. Сепак, се чини дека врската на двојката е нарушена веќе некое

Црн пантер повторно сее страв низ Бугарија- ловец во шума едвај се спасил

Средбата поминала без повреди, но експертите и мештаните предупредуваат на потенцијална опасност за луѓето, особено за децата, објави Блиц. Архитектот и ловџија Добрил Добрев бил на вечерна прошетка кога видел црн пантер

Трамп изјави дека е подготвен за втората фаза од санкциите против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е подготвен да премине на втората фаза од санкциите против Русија, како дел од обидот на Вашингтон да изврши притисок врз Москва да склучи примирје

Омерагиќ: Табелата за Светско првенство, никогаш не изгледала поубаво!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим
Go toTop