Алтун: Нетанјаху е последниот што треба да зборува за геноцид, тероризам и морал

December 28, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е последната личност што треба да зборува за геноцид, тероризам и морал, јавува Анадолу.

„Тој ги доведе до перфекција вештините да му ги продаде на светот своите воени злосторства против цивилите како самоодбрана. И покрај тоа што светот не успева да го спречи, историјата ќе му суди каков воен злосторник е“, рече Алтун на платформата X.

Истакнувајќи ја долгогодишната борба на Туркије против тероризмот, Алтун ги прекори коментарите на Нетанјаху и на овој фронт.

„Ние се бориме против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци повеќе од 40 години. Самите Курди во Туркије се борат против ПКК, која неселективно убива цивили и деца исто како и самиот Нетанјаху!“, истакна тој.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и бебиња.

Алтун го критикуваше нивото на морал на Нетанјаху и рече: „Тој не може никому да држи предавања за тоа како да се спроведуваат терористички операции бидејќи нема искуство во оваа арена! Тој е во мисија да ги истера Палестинците од нивната територија во последните четири децении. Сега тој ја подигна на ново ниво користејќи ја израелската Армија да убива цивили во нивните домови, болници и бегалски кампови.“

„Господинот Нетанјаху не може да измами никого напаѓајќи го нашиот претседател (Реџеп Таип) Ердоган за да го одврати вниманието од неговите воени злосторства. Светот гледа што се случува во окупирана Палестина“, рече тој.

„Очајните обиди на Нетанјаху да ја спаси својата политичка кариера со убивање цивили и проширување на војната се осудени на неуспех. Нашиот претседател Ердоган го нарече тоа како што е, и тој нема да престане да се бори за правда без разлика колку лаги Нетанјаху му кажува на светот“, додаде тој.

Во повикот до меѓународната заедница, Алтун повика на единство околу напорите за постигнување итен прекин на огнот во Газа и преговори за траен мир.

„Ние го вршиме нашиот дел и ќе продолжиме да го правие тоа без оглед на политичките напади и клеветите изнесени против Туркије. Ќе продолжиме да ја зборуваме вистината!“, додаде директорот за комуникации.

Израел започна голема воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, при што според здравствените власти во Газа, досега загинати се најмалку 21.110 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се 55.243.

Нападот ја остави Газа во урнатини, каде што 60 отсто од инфраструктурата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони луѓе се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Масовниот убиец од Прага во прошталното писмо признал дека претходно убил маж и двомесечно бебе

Следно

„Израелската војска уби 8.800 палестински деца за 82 дена“

Latest from Blog

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите

Гоце Делчев, 23 јануари 1902: „Да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“,

„Зелениче е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси градска. Многу од мажите носат панталони. Питоми, приемчиви, гостопримливи луѓе. Ова е првпат да го видам Делчев на работа овде. Тој

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува
Go toTop