Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2024 година, рекорден по капитални инвестиции

December 28, 2023
2 mins read

Со ниту еден глас против, само 4 воздржани и 17 гласови ЗА од советниците од најразлични политички партии и коалиции, се донесе Буџетот на општина Кисела Вода за 2024 година.

– Со консолидирана вредност од 1.253.541.754,00 денари, или основен Буџет во износ од 659.225.754,00 денари, тој претставува досега највисокиот буџет во историјата на оваа локална самоуправа. Се работи за сума со вредност која е помеѓу 200 и 300 милиони денари повисока од четиригодишните буџети на претходните градоначалници на оваа општина, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

– Оваа сума се должи, пред сѐ на кратење на непродуктивните трошоци, зголемување на приходите, реални јавни набавки и транспарентно и чесно законско работење, а не на подигнување кредити како што тоа го прават некои други општини и Владата. Овој Буџет е рекорден и по планираните капитални инвестиции во износ од 361,2 милиони денари, додаде тој. 

Покрај изградба на две детски градинки и основно училиште кои ќе бидат завршени во 2024 година, изградбата на спортската сала во Пинтија и предвидената развојна програма за целосна реконструкција на сала Расадник, ќе бидат реализирани и повеќе други капитални инвестиции.

За изградба и реконструкција на улици и патеки се предвидени 94,7 милиони денари, како и дополнителни 6,4 милиони денари за паркинг простор и сообраќајна сигнализација.

За изградба и реконструкција на водовод и канализација се предвидени 51,9 милиони денари, за урбана опрема се предвидени 49,8 мииони денари.

Предвидени се средства и за реконструкција на улица ,,Киро Фетак”, за пробивање на нoви улици, за обезбедување на фотоволтаици на основните училишта.

Во овој буџет како никогаш досега акцент се става и врз животната средина.

Ако во минатото финансиски средства се издвојувале само за чистење депонии и исплати на сезонските работници во Буџетот за 2024 година, Кисела Вода има предвидено средства за набавка на возила и друга опрема за чистење во износ од 8,2 милиони денари, развојна програма за изградба и одржување на зелени површини во износ од 12 милиони денари, развојна програма за набавка и поставување на мерни станици за амбиентален воздух во износ од 5 милиони денари, развојна програма за уредување на коритото на река Мала Рада во износ од 10 милиони денари, развојна програма за уредување на коритото на Црн Канал во износ од 7 милиони денари.

Дополнително за јавна чистота се предвидени 9,1 милион денари за сезонските работници и за набавка на опрема и материјали за нивните потреби, како и дополнителни 3,2 милиони денари во буџетската програма Р10 наменета за чистење на депонии.

Во Буџетот се предвидени и 19,15 милиони денари за поддршка на локалниот економски развој и енергетска ефикасност.

Покрај сите овие инвестиции кои се планирани во буџетот, продолжуваат сите субвенции кои општина Кисела Вода ги имаше во минатото, вклучително и тие кои воведени во овој мандат.

Пари ќе има за субвенции за огревно дрво, за пелети, за новороденчиња, за ранчиња за секое прваче, за униформи за учениците, за одмор, ужинки и партиципација во градинките за дечиња од социјално ранливи категории на семејства, субвенција на струја за социјално ранливи домаќинства, на клубови и здруженија, средства за финансиска помош за лекување и за Новогодишни пакетчиња. Како и во сите други области, со зголемени средства продолжуваат инвестициите и во културата.

Обезбедени се и 30 милиони денари за исплата на плати за вработени во детските градинки.

Инвестициите во образованието и детската заштита ќе продолжат и преку развојни програми кои ќе овозможат да се поставува урбана опрема, да се прават спортски терени и детски катчиња во основните училишта и детските градинки. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сончево, претежно тивко и релативно топло

Следно

Масовниот убиец од Прага во прошталното писмо признал дека претходно убил маж и двомесечно бебе

Latest from Blog

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер
Go toTop