Општина Ѓорче Петров го усвои Буџетот за 2024 година, најголем дел од средствата ќе бидат наменети за капитални инвестиции

December 27, 2023
1 min read

Советот на Општина Ѓорче Петров денеска го изгласа Буџетот за 2024 година. Основниот буџет е во вкупна вредност од 376.113.165,00 денари, а огромен процент од планираните расходи ќе биде наменет за капитални инвестиции, односно 28% од вкупните расходи ќе одат за реализација на проекти.

– Ова е историски највисок процент на средства одвоени за реализација на капитални проекти во последните години !Во 2024 година општината првпат целосно ќе ги покрива сите материјални трошоци за основните училишта во вкупен износ од 25.500.000 денари, порача градоначалникот Александар Стојкоски. 

Општина Ѓорче Петров и во наредната година ќе продолжи целосно да ги надоместува трошоците за децата на бранителите од конфликтот во 2001 година кои се запишани во школите и градинките.

 Со буџетот за 2024 година планирани се средства за:

– Изградба и реконструкција на улици во урбан и рурален дел на општината.

– Нови линии за атмосферска, фекална канализација и пречистителни станици.

– Изградба на нови спортски и детски игралишта.

– Проектирање на нова детска градинка.

– Највисока поддршка досега за спортот и културата.

– Нова урбана опрема.

– Животна средина, чист воздух, подигнување зеленило.

– Чистење одводни канали.

– Повторно носиме буџет исклучиво во интерес на нашите граѓани и наменет за проекти кои ќе го подобрат секојдневието во Општина Ѓорче Петров. Со средствата раководиме рационално, домаќински, отчетно и транспарентно и така ќе продолжиме и во следната година, порача градоначалникот Стојкоски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ од 51 до 54 пратеници, СДСМ ако оди сам од 26 до 28, со ДУИ од 41 до 43

Следно

Во Албанија се одржа протест на повик на пратениците од опозицијата

Latest from Blog

СВИРЕЖИ И ПОТСМЕВ ЗА ФРИДРИХ МЕРЦ (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочи со неодобрувачки извици и потсмев за време на посетата на област погодена од пожари во Хигеланд, во неговото прво јавно појавување по првиот ден назад на

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина

Шест години брендираната гардероба на Боки 13, вредна 600.000 евра, ,,скапува” во магацин

Веќе шест години, во еден од магацините на Агенцијата за управување со одземен имот, стои конфискуваната брендирана гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, вредна речиси 600.000 евра. Во овој период луксузната облека ниту
Go toTop