Прајс: САД остануваат активна страна во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина

January 26, 2023
1 min read

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс денеска изјави дека САД остануваат активна страна во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и силно го поддржуваат продолжувањето на преговорите со посредство на ЕУ.

Одговарајќи на новинарско прашање „зошто во насловот на таканаречениот европски план не се споменуваат САД и дали тоа значи дека Вашингтон се откажа од својата активна улога во решавањето на косовскиот спор“, Прајс рече дека „тоа не е така“.

„Мислам дека го видовте тоа за време на оваа администрација. Неодамна, нашиот заменик-помошник секретар Гејб Ескобар, заедно со високи претставници на ЕУ – Германија, Франција и Италија – предводеа заедничка мисија во Приштина и Белград за да разговараат за предлогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија“, рече Прајс за американскиот медиум „Павловиќ тудеј“ (The Pavlovic Today).

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шокантна одлука на судот во Приштина: Отфрлено обвинението против 5 лица кои силуваа 11-годишно девојче!

Следно

Oткако ги смени бравите, денеска в.д. директорот на МКЦ забрани снимање во култниот центар за новинарските екипи

Latest from Blog

Собранието пред одлука за нов министер за здравство – Азир Алиу предложен од Владата

Собранието на Република Северна Македонија денеска, во рамки на 54. седница, ќе расправа по предлогот на Владата Азир Алиу да биде именуван за нов министер за здравство. На дневниот ред на седницата

Итно затворен аеродромот во Загреб поради инцидент при слетувањето на авион

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб е затворен за сообраќај до понатамошно известување. Напнатата ситуација се одвиваше во неделата кратко по 15 часот на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб, но за среќа никој

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Со завршни зборови на обвинителството, во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На изминатото рочиште заврши доказната
Go toTop