Учениците во Тетово ги губеа првите два часа, професорите ја бараат ноемвриската плата! МОН: Платата е пуштена денеска

December 26, 2023
1 min read

реклама


Во гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово утрово во знак на протест не се одржа првите два часа од наставата. Професорите протестираа бидејќи не ја примиле платата за ноември. Претседателот на Училишниот совет, Јетон Камбери рече дека и следните денови ќе штрајкуваат доколку не ги примат платите.

-Итно бараме одговори во најкус можен рок. Доколку Министерството не ни даде одговор, ќе продолжиме со штрајкот до крајот на неделата, дури сме во консултации со колегите за одржување на класните совети, па затоа по секоја цена инсистираме Министерството да ја исполни својата обврска до крајот на неделата-вели Камбери.

Контактиравме со министерот за образование Јетон Шаќири. Тој вели дека платите се пуштени од петокот, а додаде дека се доделени дополнителни средства за оваа гимназија.

-Платите поминаа. Што се однесува до платата за „Кирил Пејчиновиќ“, на крајот се реши и оваа работа. Од второто полугодие нема да го има овој проблем со струја и плата, месецов имаше доцнење поради тоа што се зема и 13-та плата и има потреба од дополнителни средства. Документацијата за платата што беше комплетирана во петокот е во постапка, се е испратено до трезор-изјави Јетон Шаќири.

Покрај платите, оваа гимназија, на која и беа одземени надлежностите, претходно имаше и проблеми со струјата и плаќањето на сметките.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три четвртини од децата на 15-годишна возраст во Македонија немаат основно ниво на писменост и влегуваат во судир со системот, УНИЦЕФ апелира да се изгласаат четири закони

Следно

Наставниците во Арачиново се уште без регрес – Ибраими: Пропустот е во управата на училиштата

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop