СЗО: Ситуацијата во болниците во Газа е застрашувачка, многу цивили ги губат своите животи

December 26, 2023
1 min read

Кејси нагласи дека има премногу луѓе во болниците и затоа е многу важно да се спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на отворање хуманитарни коридори

Координаторот на тимот за итна медицинска помош при Светската здравствена организација (СЗО), Шон Кејси, денеска во Газа изјави дека ситуацијата во болниците на палестинската енклава е застрашувачка.

Тој посочи дека здравствените установи во Појасот Газа се преоптоварени, а многу од нив се целосно затворени, пренесе Ал Џезира.

Кејси во изјава за катарските медиуми истакна дека непријателствата во енклавата продолжија во последните денови и покрај минатонеделната резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се бара зголемување на хуманитарната помош.

„Ја посетив болницата ‘Ал Акса’, во централниот дел на Газа, која претходната ноќ прими повеќе од 100 повредени, а многу од донесените веќе беа мртви“,

рече тој.

Кејси нагласи дека има премногу луѓе во болниците и затоа е многу важно да се спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на отворање хуманитарни коридори.

„Ситуацијата е критична и навистина е важно да се реализира, бидејќи гледаме дека многу цивили ги губат своите животи, дека болниците ја губат функционалноста, дека здравствените работници или заминале или не се во можност да се грижат за многу пациенти кои чекаат нивна помош“,

рече Кејси.

На 22 декември, Советот за безбедност на Обединетите нации усвои изменет, ублажен текст на резолуцијата за Појасот Газа, која бараше итно забрзување на испораката на помош за цивилите во палестинската енклава, но од која повикот за „итно прекинување на непријателствата“ меѓу Израел и Хамас е отфрлен.

При гласањето за оваа резолуција, 13 членки беа за, додека САД и Русија беа воздржани. Ублажената резолуција повикува на „итни чекори за веднаш да се обезбеди безбеден и непречен хуманитарен пристап, како и да се создадат услови за одржлив прекин на непријателствата“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Захарова: Западот ја уценува Србија да не соработува со Русија

Следно

Струјата поевтинува по нова година, со сметките ќе се плаќа 200 денари за пристап кон мрежа

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop